Плешевица
Плешевица (грчки: Κολχική, Колхики; до 1928 г. Πλησεβίτσα, Плисевица[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 231 жител (2011). ГеографијаСелото е сместено во Леринското Поле, 7 км југоисточно од Лерин и 3 км јужно од Кучковени. Крај селото тече Негованска Река, која по неколку километри се влева во вештачкото Плешевичко Езеро на север. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоПлешевица првично било македонско село, но подоцна тука се доселиле Албанци кои со време го истиснале домородното население.[3] Од првовремено македонска, кон средината на XIX век селото станало мешана населба. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 Плешеница (Pléchénitza) било село во Леринската каза со 200 домаќинства и 405 жители муслимани и 308 жители Македонци.[4][5] До почетокот на XX век албанското население наполно го истиснало македонското. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живееле 700 Арнаути муслимани.[6] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Плешовица (Плештевица) се води како чисто албанско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 80 куќи.[7] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 400 жители. Во 1920 г. во Плешевица живееле 532 жители, но во 1924 г. населението како муслиманско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле Грци од Понд. Во 1928 г. Плешевица била чисто дојденско село со 367 жители (95 семејства).[8] Во 1940 г. во селото се попишани 530 жители.[3] Плешевица не настрадала во Граѓанската војна, па затоа во 1951 г. имала население од 444 жители. По војната, жителите сè уште немале црква, и за таа цел ја користеле старата турска џамија.[9] Населението се приметно се намалило во 1960-тите и 1970-тите поради иселувања во поголемите градови.[3] Според истражување од 1993 г. селото е чисто дојденско, и во него понтскиот грчки е зачуван на средно ниво.[10] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоНаселението одгледува жито, тутун и компири, а делумно е застапено и сточарството.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia