Долно Каленик
Долно Каленик (грчки: Κάτω Καλλινίκη, Като Калиники; до 1926 г. Κάτω Κάλενικ, Като Каленик[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 85 жители (2011), сочинето од Македонци и грчки доселеници.[3] ГеографијаСелото е сместено во северозападниот крај на Леринското Поле, близу границата со Р Македонија. Лежи на левиот брег на Стара Река, 11 км североисточно од Лерин и 7 км источно од Долно Клештино. Селото е од растурен тип, и куќите се оддалечени една од друга.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Долно Каленик било чисто македонско село во Леринската каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) Каљник како македонско село.[4][5] На етничката карта на Вардарската Долина од 1861 г. Јохан фон Хан го означил Долно Каленик како македонско село.[4][6] ВО „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Каленик (Kalénik) имал 90 домаќинства со 254 жители Македонци.[7][8] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в Горно и Долно Каленик имало 394 жители Македонци.[7][9] По Илинденското востание на почетокот на 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[10] По податоци на егзаргискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 120 Македонци под егзархијата.[7][11] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долно Каленик се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 32 куќи.[12] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 120 жители[3]. Во овој период, Боривое Милоевиќ го спомнува со 15 македонски домови. Во 1920 г. Долно Каленик имало 127 лица, а неколку години подоцна властите доселиле 24 грчки дојденци од Понд. Во 1928 г. Каленик (Горно и Долно) броело 253 жители, од кои 88 лица (24 семејства) биле грчки дојденци.[13] Во 1926 г. селото е преименувано во Като Каленики, што е проста грцизација на македонското име. Во 1940 г. Долно Каленик имало 368 жители, но за време на Граѓанската војна повеќе Македонци пребегнале во Р Македонија и источноевропските земји. Така, во 1951 г. населението се намалило на 35 жители, кои продолжиле да се смалуваат во 1960-тите период поради иселувања во прекуокеанските земји.[3] Иселувањата продолжиле и понатаму, така што селото денес е многу помало отколку во предвоениот период. Според истражување од 1993 г. селото е етнички мешано „дојденско-словенојазично“, во кое македонскиот јазик и понтскиот грчки се зачувани на средно ниво.[14] Личности
НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоСелото се смета за прилично сиромашно. Дури и водата за пиење е бунарска и не е добра.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia