Клабучишта (Леринско)
Клабучишта (грчки: Πολυπλάτανο, Полиплатано; до 1926 г. Κλαμπούσιστα, Клабусиста или Κλαμπούτσιστα, Клабуциста[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција. ГеографијаСелото се наоѓа на 11 км северозападно од Лерин и на 4 км западно от Долно Клештино. Лежи во северозападниот крај на Леринското Поле близу границата со Р Македонија. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Клобучище како македонско село.[3][4] Во 1861 г. на етничката карта на долината на Вардар Јохан фон Хан го бележи Глабуштица (Glabuschtitza) како албанско село.[5] На почетокот на XX век Клабучишта било мешано македонско-арнаутско село во Битолската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 750 жители Македонци христијани и 100 жители Арнаути муслимани.[6][7] На почетокот на XX век сите христијански жители на Клабучишта биле под врховенството на Цариградската патријаршија. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Клабучишта е претставено како мешано македонско-албанско-влашко село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 61 куќа.[8] Во селото правела напори грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Клабучишта имало 400 Македонци под патријаршијата и во него работело грчко училиште.[9] Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) Клабучишта пред Балканските војни имало 50 куќи на Македонци христијани и 20 куќи на Арнаути муслимани.[10] Во Грција![]() ![]() Селото било окупирано од грчка војска и по Втората балканска војна во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 688 жители кои во 1920 г. биле 628 лица.[11] Во 1924 г. албанските жители на Клабучишта се иселени, и на нивно место е доведен 181 грчки дојденец од Кавказ. Во 1928 г. Клабичишта е претставено како мешано домородно-дојденско село со 29 дојденски семејства сочинети од 128 лица.[12] Во 1926 г. селото е преименувано во Полиплатано.[13] Селото не настрадало позначајно во Граѓанската војна и само мел дел од неговите жители се преселиле во НР Македонија. По војната имало бран на иселување во прекуокеанските земји. Според Тодор Симовски соодносот помеѓу доморотното население и потомците на кавкаските бегалци изнесува 3:1, иако потоа намален заради иселување.[11] Според истражување од 1993 г. селото е мешано „словенојазично-дојденско“, во кое „македонският јазик“ е одлично зачуван, а понтскиот грчки е слабо задржан.[14]
НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
ЛичностиЛичности родени во Клабучишта:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia