Јуруково (Леринско)
Јуруково (грчки: Γιουρούκι, Јуруки) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 31 жител (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[2] ГеографијаСелото е сместено во источниот дел на Леринското Поле, 23 км североисточно од Лерин, недалеку од границата со Р Македонија. Традиционално е познато и како Долно Маало на селото Крушоради.[3] ИсторијаСе смета дека во подалечното минато местото било населено со Јуруци, поради што го добило ова име, а подоцна станало македонско село. Така, на почетокот на XX век е забележано дека Јуруково било чисто македонско село во Леринската каза. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Јурук (Юрокъ, Юроково) живееле 216 Македонци христијани.[4][5] Во понатамошните пописи сè до 1971 г. Јуруково се вбројувало во состав на Крушоради, и затоа за него нема одделна статистика. На пописот од 1971 г. почнало да се брои како одделно, со население од 85 лица. Во понатамошните десетлетија селото бележи пад. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
— : Во првите три наведени пописни години е вбројано во Крушоради како негово маало. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia