Лаген
Лаген или Лагино (грчки: Τριανταφυλλιά, Тријандафилија; до 1927 г. Λάγενη, Лагени[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 64 жители (2011) — сите Македонци.[3] ГеографијаСелото е сместено на 12 км југозападно од Кучковени и на 13 км јужно од Лерин, во пазувите на Нередска Планина.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ за 1873 г. Лаген е наведен двапати — еднаш како Лајени (Layéni), село во Леринската каза со 80 домаќинства и 200 жители Македонци, а вторпат како Лаген (Laguene), село во Костурската каза со 30 домаќинства и 110 жители Македонци.[4][5] Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-те години Лагени имало црква и население од 200 жители христијани.[6] На почетокот на XX век Лаген било чисто македонско село во Леринската каза. Имало околу 115-120 куќи со вкупно население од 450 лица.[7] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 520 жители Македонци христијани.[4][8] Според цариградскиот деец Христо Силјанов след Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија,[9] но по податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) ов 1905 г. во Лаген (Laghen) имало 504 Македонци под Цариградската патријаршија.[4][10] Во 1905 г. селото настрадало од андартски напади.[11] Во периодот меѓу 1900 и 1935 г. селото постепено е префрлено на ново место поради неповолната клима.[12] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година се избројани 742 жители, од кои 182 живееле во одделната населба Лагенски Колиби кои жителите ги користеле при обработка на нивните оддалечени имоти, иако набргу местото е укинато како посебно село.[3] Според Боривое Милоевиќ селото имало 100 македонски куќи, а во 1920 г. имало 446 жители, македонски христијани.[13] По 1924 г. 30 семејства се иселиле во прекуокеанските земји, а неколку во Бугарија.[3][14] Затоа, селото бележело извесен пад место да расте — во 1928 г. имало 492, а во 1940 г. броело 468 жители.[3] Според грчка државна статистика од 1945 г. Лаген имал 450 жители, сите „словенојазични“. Од нив 350 биле со негрчка свест, 50 биле неутврдени и 50 наводно со грчка (што е мошне сомнително).[15] Во март 1946 г. судот во Лерин осуѕдил 50 лица од Лаген за учество во бугарската паравоена организација „Охрана“.[16] Како последица од Граѓанската војна 30 поединци и едно семејство пребегнале во Р Македонија, а по војната настапил голем бран на иселување во прекуокеанските земји, така што денес во селото се останати стари лица и малку жени и деца.[3] НастаниСелото ги празнува Атанасовден на 2 мај и Петковден на 26 јули.[17] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоНаселението претежно живее од парите кои ги добива од блиските во странство, како и мали приходи од слабите земјоделски приноси.[3] Личности
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia