Елово (Леринско)
Елово или Елеово (грчки: Ελάτεια, Елатија; ; до 1926 г. Έλλοβον, Еловон[1]) — поранешно село во Леринско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Лерин во истоимениот округ на областа Западна Македонија, Грција. ГеографијаСелото било сместено на Которска Река (Белкаменска или Менска Река) на Нередска Планина, 16 км јужно од Лерин. ИсторијаПотекло на иметоВо постаро време ова било македонско село, чии жители го напуштиле заради зулумите на разбојничките банди.[2] Наречено е по елите кои растеле на подрачјето. Во Отоманското ЦарствоВо XIX век Елово било село во Леринската каза, чии жители биле Албанци-Тоски (Арванити) од христијанска вероисповед,[2] доеселени од Епир на местото на иселените Македонци. Поради неговата близина до поголемото село Бел Камен (кое ја доживеало истата демографска промена), тоа неформално станало негово маало.[3] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ за 1873 г. Елово е наведено двапати — еднаш како Елево (Elévo), село во Леринската каза со 50 домаќинства и 135 жители Македонци, а вторпат како Елово (Elovo), село во Костурската каза со 40 домаќинства и 130 жители Албанци.[4][5] Првиот податок веројатно е постар, и се однесува на времето кога селото сè уште било македонско. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Елово живееле 40 Арнаути христијани. Селото било чифлик и населението постојано се иселувало во Лерин, Бел Камен и Негован.[6] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Елово (Elovo) живееле 48 Албанци.[7] Согласно сознанијата на Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни Елово се состоело од 6 албански куќи.[2] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 125 жители.[2] Во 1920 г. во него се забележани само 52 жители, веројатно поради постојаните иселувања и војните. За 1928 г. не постои одделна статистика, бидејќи Елово било вброено во Бел Камен. Во 1940 г. бројот на населението закрепнал, и тука живееле 125 лица. Сепак, жителите редовно се иселувале по други места со своите семејства поради нивното занимање — градежништвото.[2] За време на Граѓанската војна селото наполно настрадало и е напуштено од жителите, кои се преселиле во Бел Каменм каде државата им изградила нови куќи.[2] Личности
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia