Пополжани (Леринско)Оваа статија се однесува на село во Леринско. За истоименото село во Кичевско, погл. Пополжани.
Пополжани или Папажани (грчки: Παπαγιάννης, Папајанис; до 1928 г. Παπαζάνη / Ποπόζιανη, Папазани / Попозяни), поретко: Вакуф Ќој (Βακούφ Κιόι)[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 581 жител (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[3] ГеографијаСелото е сместено во Леринското Поле, крај желзничката линија за Битола. Лежи 12 км североисточно од Лерин на брегот на Сакулева Река. ИсторијаВо Отоманското Царство![]() Селото е основано на денешното место околу 1700 г., а пред тоа се наоѓало на местото на сегашната шумичка Вакуфска Корија на ридот Страната.[4] Во 1861 г. на неговата етничката карта Јохан фон Хан го обележал Вакуфќој (Wakufkjoi) како македонско село.[5][6] Во почетокот на XX век Пополжани било чисто македонско село во Леринската каза. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Пополжени (Вакуф Ќој) (Попължени (Вакъвъ Кьой)) живееле 1.100 Македонци христијани.[7][8] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Вакуф-кеј (Попожени) се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 127 куќи.[9] На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото имало 1.088 Македонци под егзархијата и во него работело основно бугарско училиште со 1 учител и 54 ученици.[7][10] Раководител на месниот комитет на Македонската револуционерна организација бил попот Стефан Скендеров[11]. Во 1903 г. жителите на селото зеле учество во Илинденското востание. Грците го сметале за непријателско и на повеќе наврати го напаѓале. На почетокот од XX век многу жители на Пополжани се иселиле во САД. Според Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни селото броело 120 македонски куќи.[3] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 887 жители. Во 1920 г. во Пополжани се попишани 750 жители.[3] Во 1926 г. властите го преименувале во Папајанис.[12] Според пописот од 1928 г. во селото живееле 930 лица.[3] Во 1940 г. селото се накачило на 1.334 лица поради големиот природен прираст, и покрај иселувањата во прекуокеанските земји, Вардарска Македонија, Бугарија и во градот Лерин.[3] Во меѓувоениот период населението било под силно иследување на грчката државна безбедност и обележано како село со претежно антигрчки или нејасен став. Селото не пострадало во Граѓанската војна,[13] но сепак извесен број семејства се иселиле во Р Македонија. По периодите по војната е забележано иселување на 200 лица во прекуокеанските земји.[3] Ова особено зело замав во 1960-тите. Друг бран на иселување се јавил во 1990-тите и понатаму, каде поворно е забележан значаен пад на бројот на жители. Според истражување од 1993 г. Пополжани е чисто „словенојазично“ село во кое македонскиот јазик е зачуван на средно ниво.[14] Верски објектиВо селото се наоѓаат следниве верски објекти:
Друштва
НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоГлавни производи на Пополжани се житото и сточарските преработки.[3] Личности![]() ![]()
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia