Петорица
Петорица или Петорак (грчки: Τριπόταμος, Трипотамос) - село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Лерин, во областа Западна Македонија. Според пописот од 2011 година селото броело 83 жители. Географија и местоположбаПеторица е сместена покрај железничката линија Лерин-Битола, 10 км оддалечено од Лерин. Селото се наоѓа на надморска висина од 680 м. Вкупната површина на селскиот атар е 3 [[км2]] и е најмал во округот[2]. ИсторијаНа Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Петорек се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 35 куќи.[3] Селото потпаднало под власта на Грција, по Втората балканска војна во 1913 година со Букурешкиот договор. Во Грчката граѓанска војна селото не настрадало многу[2]. ДемографијаДо дваесеттите години на XX век Петорица било чисто македонско село. На почетокот на XX век според К’нчов селото броело 210 жители, а Милоевиќ наведува 20 македонски куќи. Во 1921-1922 година во селото се населиле 15 семејства од Понд и неколку од Епир. Движењето на населениото по години е следното[2]:
Македонскиот јазик е зачуван на високо ниво.[4] СтопанствоОсновна стопанска гранка на населението е земјоделието. Главни производи се жито, тутун, грав и јаболка. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia