Коњари (Леринско)
Коњари — поранешно село во Леринско, Егејска Македонија, денес во Грција. ГеографијаСелото Коњари се наоѓало во денешната општина Лерин, во областа Западна Македонија, на 22 км североисточно од општинското седиште Лерин и 17 км источно од Долно Клештино, во северниот дел на Леринското поле на самата граница со Република Македонија. ИсторијаВо XIX век Коњари е македонско село во Леринската каза на Османлиското Царство. Во 1848 година рускот славист Виктор Григорович во „Очерк путешествия по Европейской Турции“ го опишува Кујнавите како македонско село.[1] Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“, во податокот за 1873 г. селото е споменато двапати - еднаш како Којнаре (Koïnaré) со 75 домаќинства и 175 жители Македонци и 200 Роми, и вторпат како Којнарити (Koïnariti), кое е село во Леринската каза со 75 домаќинства и 210 жители Роми.[2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика) во 1900 година во Горно Коњари има 280, а во Долно Коњари - 390 жители Турци.[3] Во Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки чети и по Втората балканска војна во 1913 година селото станува дел од Кралството Грција. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia