Борешница
Борешница (грчки: Παλαίστρα, Палестра; до 1926 г. Μπορέσνιτσα, Боресница[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 289 жители (2011), сочинето од Македонци.[3] ГеографијаСелото е сместнео во Леринското Поле, 10 км источно од Лерин крај на Голема Река (Ресанска)[4], притока на Сакулева Река. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Борешница било село во Леринската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Борешница (Boréchnitza) била село во Леринската каза со 150 домаќинства од вкупно 375 жители Македонци.[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Борешница имала 348 жители Македонци.[5][7] Во бугарското училиште во Борешница во 1897/98 г. предавал револуционерот Атанас Шишков од Пателе.[8] На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото имало 344 жители, сите Македонци под егзархијата и во селото работело бугарско училиште.[5][9] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Борешница се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 43 куќи.[10] По 1900 г. се засилило иселувањето на жителите на Борешница во Америка, претежно во САД. Според бугарскиот трговски агент во Битола Андреј Тошев на почетокот на 1904 г. 28 лица од селото занимале на работа во Америка. Во првите месеци на 1905 г. е забележано заминувањето на уште 9 лица.[11] Според Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни селото се состоело од 40 македонски куќи.[3] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 375 жители.[3]. За време на Првата светска војна Борешница била окупирана од бугарската војска, за да биде вратено во Грција по сила на Нејскиот миреовен договор. Во 1926 г. властите го преименувале во Палестра.[12] На пописот од 1928 г. во селото живееле 447 лица.[3] Во 1940 г. населението на Борешница броело 592 жители. Поради оддалеченоста од воените операции, селото не нстрадало во Граѓанската војна, па затоа од него се иселиле само 5 семејства во Р Македонија и неколку лица во источноевропските земји.[3] Така, во 1951 г. во него се попишани 638 жители. Во 1960-тите населението почнало позначајно да опаѓа поради засиленото иселување во прекуокеанските земји, особено во Австралија.[3] ЦрквиБорешница има две цркви:[13]
Селска слава е Илинден, на 2 август. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоСелото се смета за богато. Жителите се занимаваат со земјоделство и произведуваат доста житарки и големи количества тутун. Мошне развиени се лозарството и сточарството.[3] ПоврзаноЛичности
Надворешни врскиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia