Горно Клештино
Горно Клештино (грчки: Άνω Κλεινές, Ано Клинес; до 1926 г. Άνω Κλέστινα, Ано Клестина[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 179 жители (2011). ГеографијаСелото се наоѓа на бреговите на Стара Река, 21 км јужно од Битола и 7 км северозападно од Лерин,[3] а веднаш западно од Долно Клештино. Лежи во подножјето на Пелистер, во северозападниот крај на Леринското Поле близу границата со Р Македонија. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо постаро време ова било чисто македонско село, но во последниот период на XIX век тие биле истиснати од Албанци муслимани кои тука се доселиле.[3] Старата црква во центарот на селото, според едни сознанија била посветена на Свети Никола, а според други на Света Петка, било уништено од Османлиите, а на нејзино место била изградена медреса која постоела сè до 1924 г. Западно од селото е манастирот „Св. Илија“, а на исток бил манастирот „Св. Прокопиј“, уништен од Албанци муслимани. Иконите од манастирот биле преместени во истоимената црква во Кладороби.[4] Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович во „Очерк путешествия по Европейской Турции“ го опишал Клештина како македонско село.[5][6] Во 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Вардар го одбележал Горно Клештино како македонско село.[5][7] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Клештени (Klechténi) било село во Леринската каза со 200 домаќинства и 600 жители Македонци.[8][9] Кон крајот на XIX век етничката слика на селото се променила поради доселувањето на Албанците. Така, според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) веќе во 1900 г. Горно Клештино имало 350 жители Албанци муслимани.[10] Во следниот период Боривое Милоевиќ забележал дека 200 албански муслимански и 7 македонски православни куќи,[3] што се должи на фактот што во меѓувреме некои Македонци од околните Буф, Раково, Турје, Битуша други села тука почнале да купуваат имоти и да се населуваат.[3] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Горно Клештина се води како чисто албанско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[11] Во Грција![]() По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година во Горно Клештино се заведени 749 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 911.[3] Во 1924 г. според Лозанскиот договор албанското муслиманско население е иселено, а на негово место се доведени 484 Грци, дојденци од Мала Азија и Источна Тракија. Во 1928 г. Горно Клештино е попишано како македонско-дојденско село со вкупно 584 жители,[3] од кои 381 лице (85 семејства) биле дојденци.[12] Во 1926 г. селото е преименувано во Ано Клине.[13] Во 1940 г. е заведено дека Горно Клештино имало 740 жители, од кои преку една третина биле Македонци.[3] Селото значајно пострадало во Грчката граѓанска војна, поради што во 1951 г. населението се намалило на 656 жители. Опаѓањето продолжило и понатаму поради иселување во градовите и прекуокеанските земји во текот на 1960-тите, што важи особено за Македонците. Така, во 1961 г. селото броело 540 жители, за во 1971 г. драстично да се намали на 267 жители. Во 1981 г. се попишани 236, а во 1991 г. — 207 лица.[3] Во следното десетлетие е забележан извесен пораст, поради што во 2001 г. се заведени 222 жители, за во 2011 г. повторно да опадне на 179 лица. Според проучувањето од 1993 г. селото е мешано „словенојазично-дојденско“, а македонскиот јазик во него е слабо зачуван.[14] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоСелото се смета за доста богато. По граѓанската војна тука се подигнати големи овоштарници, особено јаболкници кои даваат добар принос. Развиено е и сточарството.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia