Рахманли
Рахманли (Рамалија или Ромалија, наречено и Раманче; грчки: Ελεούσα, Елеуса; до 1926 г. Ραχμανλή, Рахманли[2]) — поранешно село во Леринско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Лерин во истоимениот округ на областа Западна Македонија, Грција. Сè до неговото напуштање во 1930-тите било населено исклучиво со Македонци.[3] ГеографијаСелото било сместено 22 км североисточно од Лерин, 17 км источно од Долно Клештино. Лежело во северниот крај на Леринското Поле на самата државна граница со Р Македонија. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Рахманли било македонско село во Леринската каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) ја опишал Ромалија како македонско село.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Рахманли (Раманче) имало 249 жители Македонци-христијани.[6][7] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Рахманли се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 16 куќи.[8] На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Раманли (Ramanli) живееле 128 Македонци, сите под егзархијата.[6][10] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 123 жители.[3] Во 1920 г. населението опаднало на 68 лица, веројатно поради војните. Во 1926 г. властите го преименувале во Елеуса.[11] Според последниот попис од 1928 г. Рахманли имало 56 жители, кои постепено почнале да го напуштаат поради тешките услови за живот и се прибрале во соседното село Орта Оба.[3] Иако селото е конечно напуштено во 1930-тите, имотите во него сè уште се користат од неговите поранешни жители. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia