Вртолом
Вртолом (грчки: Άγιος Βαρθολομαίος, Агиос Вартоломеос; до 1928 г. Βαρθολομαίος, Вартоломеос[2], до 1926 г. Βαρθολώμ, Вартолом[3]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 172 жители (2011). Потекло на иметоСелото е наречено според празникот Вртолом во чест на Свети Вартоломеј, кое подоцна е преосмислено според поимите врти и лом, поради врнежите што се случувале на тој ден. Географија и местоположбаСелото се наоѓа 9 км источно од Лерин и 5 км источно од Кучковени, во јужниот дел на Леринското Поле, на надморска височина од 670 м.[4] ИсторијаСпоред Тодор Симовски, селото било исклучиво македонско сè до почетокот на XIX век, кога месното население било истерано од Албанци муслимани, кои потоа им ги презеле имотите.[4] Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Вртолом како македонско[5] село.[6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Вртолом (Vrtolom) е село во Леринската каза со 300 домаќинства, од кои 540 жители Македонци[7] и 500 жители муслимани.[8] Според Стефан Верковиќ во 1889 г. во селото имало 125 македонски и 80 муслимански домаќинства,[9] но Симовски смета дека Верковиќ е во грешка, бидејќи во ова време населението веќе било целосно албанско.[4] На почетокот на XX век Вртолом е заведено како чисто албанско село во Леринската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 360 жители, сите Албанци муслимани.[10] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Вртолом се води како чисто албанско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[11] Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 434 жители.[4] Според пописот од 1920 г., во Вртолом живееле 487 жители, но со Лозанскиот договор од 1924 г., но и пред него, целото население, како муслиманско, е преселено во Турција и на негово место се доведени грчки доселеници од Источна Тракија и Кавказ.[12] Во 1928 г. Вртолом е преименуван во Агиос Вартоломеос.[13] Истата 1928 г. селото е евидентирано како чисто доселеничко, со 353 жители (94 семејства).[14] Со истражувањето спроведено во 1993 г. утврдено е дека селото е чисто „бегалско“, а понтискиот грчки во него е слабо зачуван.[15] ЦрквиВо селото има повеќе цркви:[16]
НаселениеСо текот на децениите, селото покажува намалување на населението, што претежно се должи на иселувањето во големите градски центри и преселбата во странство.[4] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Кучковени со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Лерин, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Вртолом, каде спаѓа и селото Станица Баница. СтопанствоГлавни производи на населението се житото и тутунот.[4] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia