Врбени (Леринско)
Врбени или Долно Врбени (грчки: Ιτέα, Итеја; до 1926 г. Βύρμπενη, Вирбени[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 542 жители (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[3] ГеографијаСелото е сместено во Леринското Поле, 17 км североисточно од Лерин крај Стара Река (Палиорема). ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Врбени (или Долно Врбени, за да се разликува од Горно Врбени или Екши Су) е заведено како чисто македонско село. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го забележал Вербини како македонско село.[4][5] Во 1861 г. Јохан фон Хан на неговата етничка карта го обележал Вербени како македонско село.[4][6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долно Врбени (Dolno-Vrbéni) имало 200 домаќинства со 615 жители Македонци.[7][8] Според хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ во 1889 г. во Врбени живееле 152 семејства, сочинети од 732 Македонци.[4][9] На чело на меснот комитет на Македонската револуционерна организација бил попот Георги Везанков.[10] За време на Илинденското востание во селото е убиен Филип Маврев, а загинале и селските четници Миленко Толев и Стефо Трајков.[11] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Врбени (Долно Врбени) имало 690 жители Македонци.[7][12] На почетокот на XX век селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 624 Македонци, сите под егзархијата.[7][13] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Врбени се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 75 куќи.[14] Во првите денови на април 1908 г. власта извршила претрес на селото, спроведен со измачувања и насилства.[15] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни селото се состоело од 80 македонски куќи.[3] Во Грција![]() ![]() По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 677 жители.[3] За кратко селото било окупирано од бугарската армија во Првата светска војна, за да ѝ биде вратено на Грција со Нејскиот мировен договор. По војните, во 1920 г. Врбени имало 548 жители.[3] Во 1926 г. властите му го смениле името во Итеја („врба“), преведувајќи го македонското.[16] Во 1928 г. во селото се попишани 496 лица.[3] Во 1940 г. селото нараснало на 891 жител, опоравувајќи се од загубите и страдањата војните.[3] Истата 1940 г. грчката жандармериска управа во Лерин составила список на луѓе чија национална свест е „опасна за државата“, и в него се заведени семејствата на Лазар Николов и Вангел Мавров од Врбени. Во 1941 г. за време на Втората светска војна Врбени потпаднало под бугарска окупација и во него е воведена бугарска општинска власт. По повлекувањето на окупациските сили, 12-мината членови на овој општински совет се стрелани на селскиот плоштад. Малаувањето на жителите зо 1960-тите се должи на силно иселување во прекуокенаските земји. Денес селото и понатаму е чисто македонско, во кое македонскиот јазик се употребува секојдневно. ЦрквиВо селото има три цркви:[17]
НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Стопанство![]() Населението одгледува жито и тутун, а делумно е застапено и сточарството.[3] Личности
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia