Википедија:Викисредба (16 мај 2009)
Се закажува нова Вики средба за 16 мај 2009 во 12.00 часот. На средбата ќе бидат разгледани сите новини и случувања во периодот од претходната средба, а посебно внимание се очекува да се обрне за анализа на прашањата кои на иницијативниот одбор за формирање на Здружението му беа поставени опд страна на фондацијата Викимедија. Во план се и теми како: „Википедија на македонски јазик со над 30.000 статии“; „Односот на бирократите, администраторите и поискусните уредувачи кон новите корисници; „Замената на странските поими во информатиката и информатичката технологија со соодветни македонски“ и др. Место на одржување на средбата: Пицерија „Ања“, на кејот на реката Вардар, до Градскиот трговски центар, Скопје. Присуството го потврдија
Извештај од средбатаВики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци: На средбата, пред сè се разговараше за прашањата кои иницијативниот одбор ги доби од страна на фондацијата. Беа поделени различни мислења по различни прашања, но општ став беше дека ни е потребна поголема група на активнии соработници и поддржувачи. Во план беше и печатење на маички со логото на Википедија, а се разгледуваше и можноста за одржување на едукативен семинар, кој би можел многу да ни помогне во добивањето на позитивна одлука од страна на фондацијата. Освен ова, на средбата се разговараше и за развојот на Википедија на македонски јазик. Овде пред сè се мисли на големата активност на енциклопедијата во последните неколку седмици. Беше прифатено мислењето дека добро би било кога би одредиле посебен одбор, чија задача ќе биде да воспоставува конртакти со новите корисници и да ги насочува кон основните принципи и правила на Википедија. Исто така, добро би било кога и моментниот однос на корисниците би бил подобрен и кога наградите би биле користени за вистинска мотивација на новите корисници. Во план беше и одредувањето на одговорни корисници за Википроектот, активност која се иочекува да ги оживее овие проекти и да помогне во специјализацијата на некои корисници во уредувањето на статии по различни области.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:11, 19 мај 2009 (UTC) За следната средбаНе беше точно одреден датумот на наредната викисредба, но беше разгледана идејата, тоа да биде целодневно дружење, по можност надвор од Скопје.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:11, 19 мај 2009 (UTC)
|
Portal di Ensiklopedia Dunia