Википедија:Викисредба (2 октомври 2010)Вовед · Почетен курс · Помошна табела · Превод на статија · Вашата прва статија · ЧПП · Помош · Начела и напатствија Селска чешма (Village pump) ·
Потребни статии ·
Инкубатор ·
Кандидати за избрана статија (Ревизија) ·
ВикиПроекти ·
Викисредби ·
Одржување · Администратори · Потреба од администраторско внимание · Прашања за авторски права Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења. Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија, да учествуваат во подготовката на следната вики-средба. Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedija
Се известуваат корисниците и соработниците на Википедија дека следната средба ќе се одржи на 2 октомври 2010, со почеток во 17:00.
Присуството го потврдија
Дискусија
ПрисутниВики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:
Извештај од средбатаНа средбата пристигнав точно на време, а таму веќе беше Бојан, со кого започнав личен разговор за случувањата изминатиот месец. Поразговаравме и за случувањата н Википедија, но најмногу бевме сконцентрирани на Викимедја Македнија и учеството во неколку проекти во иднина, за кои подетално требаше да не запознае корисникот FlavrSavr, кој пристигна токму во моментите кога разговаравме на таа тема. Тој се вклучи во разговорот, но кратко потоа пристигна и четвртиот најавен присутен на средбата, Brest, со кого започнавме сериозно да разговараме за нашата улога во можните идни проекти. Откако завршивме на оваа тема, брзо се приклучивме кон идејата за популаризација на Википедија на македонски јазик, но и Викимедја Македонија, по што заклучивме дека е потребно да се одржуваат страниците на социјалните мрежи, а добродојдена би била и соработка со факултетите. Во продолжение се зборуваше и за активноста на Википедијанците во Викимедија Македонија, како и за улогата на Вики средбите во донесувањето на клучни одлуки. Заклучивме дека многу работи може брзо и едноставно да се решат преку допишување со пораки на мејлинг листата, а не да се чека истите да се решаваат на Вики средба. Кога сите заедно станавме да си одиме беше околу 20 часот.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:41, 3 октомври 2010 (CEST) Следна вики-средбаСледната Вики средба се закажува за 31 окотмври 2010 година. Местото и точното време на одржување ќе се утврдат дополнително.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:41, 3 октомври 2010 (CEST)
|
Portal di Ensiklopedia Dunia