Википедија:Викисредба (20 јуни 2009)
Се закажува нова Вики средба за 20 јуни 2009 од 10:00 на Матка. Со согласност на некои корисници, беше одлучено да се направи промена и оваа средба да се одржи во природа, која пред сè ќе има за цел да овозможи дружење меѓу присутните, кои заедно соработуваат на Википедија. Овој пат, не сме ограничени со споделување на коментари за конкретни теми, но сепак се надевам дека ваквото нешто нема да се избегне и сепак ќе се отвори разговор за некоја интересна тема. Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија, доколку се во можност да присуствуваат на оваа средба и да споделат барем еден ден со оние со кои заедно работат на Википедија. Место на одржување на средбата: Матка, ресторан кај манастирот. Почеток и крај
Присуството го потврдија
Превоз со ПМВЛиста на патници со ПМВ на brest
Листа на патници со ПМВ на МилошЈавен превозДо Матка ми се чини сообраќаше и линија 12, со релативно добра честота, така да може да се разгледа и оваа алтернатива за превоз. Не можат да присуствуваат--Р ашо
ДиксусијаВнимание: поради оддалеченоста од сите градови во Македонија (вклучувајќи го и градот Скопје), се јавува потребата за организација на превоз до Матка. Сега за сега на располагање имаме еден автомобил, а тоа е оној на Brest. За да не дојде, до поголеми трошоци, ќе ве замолам да се организираме и со неколку автомобили да заминеме за Матка, со што би ги намалиле трошоците, а и би започнале со дружењето уште по пат. Ќе ве замолам, ако може за ова да дискутираме во оваа секција. Јас предлагам дека е добро сите заинтересирани да се пријават и кои се во можност да наведат, дали се во можност со автомобил да извршат превоз до Матка и назад. Така, патните трошоци би ги поделиле на повеќе лица. Ова важи за сите градови во Македонија, доколку има интерес на повеќе корисници да присуствуваат на средбата. Поради тоа што, се планира во 10:00 да се биде на Матка, добро ќе биде, во секој град, пред поаѓањето да се договориме да се најдеме со автомобилите на некое место, на кое би се запознале, распоредиле за пат и би тргнале до целното место.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:45, 14 јуни 2009 (UTC) ФејсбукПогоре прочитав за желбата да има посетеност на средбата. Што велите ова да го соопштиме на каузата на Фејсбук и да отвориме посебна страница на настанот за да имаме предвид колкав е интеересот за присуство на овој „вики излет“?--Kiril Simeonovski (разговор) 10:13, 15 јуни 2009 (UTC) Извештај од средбата![]() Вики средбата започна во предвиденото време и место. Присутни беа следните википедијанци: Оваа средба немаше работен карактер, туку претставуваше излет во прекрасната природа покрај Езерото Матка, дружење и можност за релаксација од секојдневните обврски. Бидејќи местото на одржување беше надвор од Скопје, потребно беше време да пристигнеме и да се состанеме. Превозот беше организиран со две патнички возила. По малите проблеми по пат и со мало задоцнување пристигнавме на Матка и го започнавме нашиот прв Вики излет. Не зачуди тоа што на договореното место немаше ниту еден од потенцијалните гости, кои на социјалната мрежа Фејсбук се пријавија дека ќе дојдат. Но сепак и покрај бројните откажувања присутните википедијанци продлжија до дружење. Средбата започна околу 11 часот со вообичаеното поздравување. Првата тема не можеше а да не биде поврзана со Википедија и беше околу здружението, коешто настојуваме да го основаме. Имаше неколку гледишта. Едното беше на корисникот Kiril Simeonovski, дека здружението мора да се основа во најкраток можен рок, со што би испратиле позитивен знак до фондацијата и со што би можеле да добиеме дозвола за работа како нивен локален огранок. Идејата беше дека подобро би било доколку веќе постоиме да преговараме, бидејќи така и од фондацијата би можеле полесно да добиеме дозвола. На ова се надополни и Arwena, која предложи да се основа здружение, кое не мора да го носи името Викимедија Македонија, па по завршувањето на преговорите и евентуалното одобрение, да се преименува. Второто гледиште беше на Brest, кој предложи да се почека да заврши летото, па потоа да се размислува поинаку, но по предлогот на Arwena и тој се согласи дека ова основањето на независно здружение со друго име не е лоша идеја. Во овој разговор се разговараше и за можните извори на финансиски средства и целата постапка за нивно барање. Откако станавме од ресторанот, во кој седевме и разговаравме, полека се впуштивме во прошетка и разгледување на местото, при што Arwena ја имаше улогата на водич. Околу 12:20, неколку од присутните го започнаа своето триесетминутно доживување на кајче. По 12:50, Википедијанците продолжија во прошетка, при што имаше различни планови за што понатаму. Како одминуваше времето, така облаците го помрачуваа небото, видливоста слабееше, а дождот се очекуваше. По посетата на црквата Св. Богородица, групата ја напушти Матка и се упати кон ресторанот „Ореов Лад“ на влезот/излезот на градот Скопје. Дружењето продолжи и на ова место, на кое повторно се отвори разговор за Википедија. Имено се разговараше за можноста Википедија на македонски јазик да се збогати со нови статии за краток временски период. Тоа би биле статии за книги и археолошки наоѓалишта. Brest на кратко спомена и за можното одржување на семинарот за работа со ботови. По напуштањето на ресторанот, поделената група се врати во Скопје, со што првиот Вики излет и официјално заврши.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:33, 27 јуни 2009 (UTC) Следната вики средба би била одржана евентуално во Тетово, доколку има заинтересирани. А богами се размисува и за прва вики журка во скоро време.
За следната средбаУште пред пристигнувањето на Матка, а и во разговорите се разговараше за идната Вики средба, која ќе се одржи на 4 јули 2009 во Тетово. Општо мислење беше дека сè уште е рано да се донесат конечни одлуки околу присуството на оваа средба, но јасно беше дека интересот е голем, особено поради можноста за лично запознавање со корисникот Raso mk, кој ќе дојде од Германија и ќе присуствува на средбата. Во план беше да се замолат сите корисници, кои живеат во Тетово или неговата околина да одредат термин и место на одржување на средбата, како и да се погрижат за организација на средбата.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:33, 27 јуни 2009 (UTC)
|
Portal di Ensiklopedia Dunia