Википедија:Викисредба (28 јуни 2012)Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења. Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија да учествуваат во подготовката на следната вики-средба. Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedija
Следната редовна вики средба ќе се одржи на 28 јуни 2012 година со почеток во 19:30 во EveryDay, Скопје (помош). Поканети се сите заинтересирани за присуство на средбата. Предлог дневен редВрз основа на неодамнешните случувања, дневниот ред е соодветно прилагоден и ги содржи следните точки:
Ова е само предлог дневен ред, па доколку некој смета дека нешто е испуштено и треба да се додаде, слободно може да го предложи во делот за дискусија во продолжение од оваа страница. Присуството го потврдија
ДискусијаПрисутниВики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци: Извештај од средбатаСо Димче се сретнав во договореното време и решивме да запоневме веднаш, со цел да завршиме поскоро и да може да го проследиме полуфиналниот натпревар на европското првенство меѓу Германија и Италија. Најпрво, започнави со собирање на впечатоците од посетата на Џош Лим на Македонија, а веднаш потоа се префрливме на Википедија Академија во Берлин. Разговаравме за карактерот на оваа конференција и потребата во иднина да се следат ваквите настани и да се поттикнува активното учество на нив. Продолживме со предлогот од страна на Министерството за образование и наука да го награди трудот на најдобрите студенти кои уредувале во изминатиот период на Википедија на македонски јазик. Притоа, се осврнавме на она што беше разговарано на мејлинг листата, а потоа и двајцата ги изнесовме своите ставови. Јас ја искажав мојата загриженост и можностите од злоупотреба на трудот на корисниците на Википедија, но од друга страна ова би можело во некоја догледна мера да има и позитивни поттикнувачки ефекти врз некои целни групи на идни корисници, како што се учениците и студентите. Димче ми спомена за продолжувањето на соработката со образовните институции и следната учебна година, така што треба да се поработи и на соодветна подготовка од страна на постојната заедница на Википедија на македонски јазик. Зборувавме и за тоа дека има добра основа на Википедија на македонски јазик за заживување на ВикиПроектот Одржување и спроведување на рангирањето и наградувањето на придонесите, за коешто на крајот на годината Викимедија Македонија се подготвена да додели и некој вид на награди за највредните. Многу важна работа за којашто посебно сакавме да обрнеме внимание е понудата од КИКА за користење на нивниот простор секој вторник. Се согласивме дека е тешко да се очекува секој вторник да организираме некој вид на Вики-средба, но одлучивме дека е добро за почеток да се прифати понудата. Идејата е да се започне уште од следниот вторник, а понатаму да видиме како ќе се одвиваат работите. Средбата заврши околу 20:15.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:45, 29 јуни 2012 (CEST) Следна вики-средбаВеќе беше споменато дека за следната средба ќе се користи просторот од КИКА, а истата ќе биде одржана во некој од следните вторници.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:45, 29 јуни 2012 (CEST)
|
Portal di Ensiklopedia Dunia