Се известуваат сите корисници на Википедија на македонски јазик дека на 15 јануари 2020 година (среда), со почеток во 19:00 ч., во Центар Бар во Скопје (карта) ќе се одржи викисредба за одбележување на 19 години од постоењето на Википедија. На викисредбата ќе има дружење, разговори на разни теми, а на крајот и роденденска торта.
На средбата пристигнав во 19:00 и таму веќе ги затекнав господинот Пеце, Иван, Дандар и Оли. Со нив започнавме разговор во врска со тековното европско првенство во ракомет и неуспехот на репрезентацијата на Македонија. Кратко потоа ни се придружи Тони и со него продолживме да разговараме за разликите меѓу екавскиот и ијекавскиот изговор во јужнословенските јазици, како и за тековната дискусија на Википедија на српски јазик за употребата на кирилицата и латиницата. Следен ни се придружи Цветко, а околу 19:40 пристигнаа Жане, Друме, Игор, Ѓорѓи и Фросина. Со оглед на големиот број присутни, на различни делови од масата се отворија разговори на различни теми, како на пример за последната епизода од четвртата сезона на македонската телевизиска серија Преспав коешто беше прикажано истовремено со одржувањето на средбата и за претстојната викимедиина конференција на Средна и Источна Европа којашто ќе се одржи во Охрид од 18-20 септември 2020 година.
Околу 21:00 на средбата дојде и SirGoldenBlade, а веднаш потоа беше послужена и роденденската торта со логото на Википедија. Прв од средбата си замина Тони, а останатите останавме некаде до 21:30, кога групно го напуштивме Центар Бар.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:54, 17 јануари 2020 (CET)[одговори]