Википедија:Викисредба (10 април 2025)Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно на едно место, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења. Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија да учествуваат во подготовката на следната вики-средба.
Се закажува следната викисредба да се одржи на 10 април 2025 година (четврток), со почеток во 18:00 ч. во „Daily Food & Wine“ во Скопје (карта). Потврдено присуство
ДискусијаВашите коментари во врска со самата средба се добредојдени. -Jtasevski123 (разговор) 22:08, 1 април 2025 (CEST) ПрисутниВики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:
ИзвештајНа викисредбата сите пријавени Википедијанци пристигнаа во речиси исто време и набргу по краток општ разговор помеѓу присутните се пренасочивме кон дискусија за Википедија. Се разговараше најмногу за општите работи на Википедија како преведување на статии преку користење на алатката за превод и создавање страница од корен, чести грешки од преведувачот и наши искуства со двата начини на создавање и подобрување статии, гледање на скорешните промени... Потоа се разви дискусија околу традиционалните занаети и како нема податоци на мрежните места за многу од нив па се тешко достапни за истражување. При крајот на средбата бидејќи подолг период немало викисредби едногласно се согласивме дека треба да станат почести. Сите го напуштивме угостителскиот објект нешто по 19:30 часот. Следна викисредбаСледната викисредба е предвидена во текот на мај.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia