Википедија:Викисредба (25 февруари 2013)Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења. Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија да учествуваат во подготовката на следната вики-средба. Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedija
Поканети се сите заинтересирани да присуствуваат на Вики-средбата:
Потврдено присуство
Не можат да присуствуваат
ПрисутниВики средбата започна на предвиденото место со задоцнување од околу 40 минути. Присутни беа следните википедијанци:
Извештај од средбатаСредбата започна околу 19:30 откако претходно имавме зачестена комуникација по телефон за тоа дали средбата воопшто ќе се одржи или не. Јас ја имав информацијата дека Тони веќе се наоѓа на местото, а потоа се слушнав и со Димче којшто се понуди да ме превезе до местото на среќавање. Првата тема со којашто започнавме беше во врска со предавањето коешто ќе се одржи на Економскиот факултет во Скопје на 28 февруари 2013 година. Имено, повикани сме да одржиме предавање пред студенти од втора година коишто ќе бидат задолжени да уредуваат статии во врска со содржини од учебниот материјал по предметот. Предвидено е предавањето да трае два часа и да опфаќа презентација за Википедија, претставување на проектот и кратка обука за тоа како се уредува преку практичен пример. Се договоривме, предавањето и сите неопходни подготовки во врска со него да ги завршиме јас и Тони. Понатаму, следна тема беше конференцијата во Приштина, на којашто присуствував како говорник и ментор од 22 до 24 февруари. Морам да признаам дека истата беше доста добро организирана, а се состоеше од програмски и натпреварувачки дел. Во рамките на програмскиот дел беа вклучени предавања поврзани со Википедија, ГЛАМ, слободните образовни ресурси, примената на проектите на Викимедија во образованието и поврзани теми, додека натпреварувачкиот дел се состоеше од натпревар за избор на најдобра фотографија и највреден фотограф и од натпревар за избор на најдобра статија на тема поврзана со Косово. Откако завршивме со оваа тема, продолживме со некои идеи за нашите активности на другите факултети, а Димче спомена и за одржување на видео-презентација на 26 февруари пред студенти од повеќе факултети. На средбата зборувавме и на некои други општи теми поврзани со образовниот процес во Македонија, како и употребата на современата технологија во средните училишта и факултетите. Завршивме некаде околу 21:20.--Kiril Simeonovski (разговор) 03:15, 27 февруари 2013 (CET) Следна Вики-средбаСледната Вики-средба е закажана за 25 март 2013 година.--Kiril Simeonovski (разговор) 03:15, 27 февруари 2013 (CET)
|
Portal di Ensiklopedia Dunia