Википедија:Викисредба (24 декември 2012)Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења. Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија да учествуваат во подготовката на следната вики-средба. Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedija
Поканети се сите заинтересирани да присуствуваат на предновогодишната Вики-средба:
Присуството го потврдија
ДискусијаДискусија за времето
Дискусија за местото
Предог дневен-ред(доколку имате некаква идеја или предлог за самиот настан, слободно изнесете ја подолу)
ПрисутниВики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци: ИзвештајВо EveryDay пристигнав нешто пред 20 часот, а средбата веќе беше започната, па затоа овој извештај ќе ги содржи моите впечатоци од моето присуство па натаму. Се сретнав со Димче, Тони и Игор, коишто беа присутни и веднаш продолживме понатаму со разговорт. Најпрво, зборувавме за предметот којшто го полагав непосредно пред средбата, а веднаш потоа се префрливме и кон идната соработка со Економскиот факултет во Скопје. Имено, јас и Тони сме заинтересирани да започнеме проект во соработка со оваа високообразовна институција, којшто ќе има за цел организирање на еден вид на натпревар во уредување статии на Википедија на македонски јазик, како и одржување на уште неколку предавања, обуки и дискусии на теми поврзани со слободното знаење, Е-бизнис и употребата на слободни образовни ресурси. За спроведувањето на проектот најверојатно ќе бидат потребни и финансиски средства, коишто планираме да ги обезбедиме преку поднесување на барање за грант до Фондацијата Викимедија. Понатаму, продолживме со разговорот и за можните проекти на останатите факултети во земјава, како и за најавата за соработка со гимназијата Јосип Броз-Тито во Скопје. Се согласивме дека е најдобро со секоја од овие институции да се соработува одделно и за секоја соработка да се создаде одделен проект. Откако завршивме со Википедија во образованието, јас ја споменав идејата за создавање на проект за поставување на QR кодови низ музејските институции во земјава. Идејата беше оценета како добра и прифатена од присутните на средбата, иако истата би можела да доведе до неприфаќање од страна на управите на некои од овие институции, што најмногу се должи на чувствителноста на некои теми од областа на историјата. Интерес за соработка постои со Музејот на револуционерната борба, така што предлогот за овој проект најпрво би им бил предложен на члениците од овој музеј. На средбата се зборуваше и за некои други теми поврзани со Википедија, како бројот на вкупни посети на Википедија на македонски јазик, учеството на посетите од Македонија на Википедија на македонски јазик, како и за клучот на успехот во зголемувањето на вкупниот број на статии од 53.000 на почетокот на 2012 до моментните 67.000 статии. Во врска со Вики-средбите, Димче предложи создавање на плакат со лого, коешто ќе има за цел да привлече повеќе заинтересирани да присуствуваат. Исто така, излеговме со предлог дека е добро следната Вики-средба да се одржи на денот на годишнината на Википедија, 15 јануари, и тоа по можност на некое друго место во градот. Средбата ја завршивме нешто пред 22 часот.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:35, 26 декември 2012 (CET) Следна Вики-средбаСледната Вики-средба се договоривме да се одржи на денот на прославување на 12 години од постоењето на Википедија, на 15 јануари 2013 година.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:40, 26 декември 2012 (CET)
|
Portal di Ensiklopedia Dunia