Викисредба VII
Викисредби
|
2025
2024
2023
2022
2020
2019
2018
2017
2014
2013
2012
2011
2010
2009
2008
2007
2006
|
Се закажува нова Вики средба за 14 март 2009 во 12.00 часот, како продолжување на претходната викисредба на која се разгледуваа идеите и предлозите во врска со формирање на Здружението. На оваа средба треба да се завршат формалностите во врска со основањето на Здружението.
Од сега па натаму Вики средбите по правило ќе бидат закажувани во 12 часот за да може на нив да присуствуваат и википедијанци кои се од внатрешноста на Македонија.
Средбата се закажува во работните простории на Виолетова кои се наоѓаат во истата зградата како и Прво Пензиско Друштво (за оние кои не знаат тоа е спроти зградата на Владата, близу до Јапонскиот културен центар, или спроти раскрсницата кај мостот Гоце Делчев, кај Македонска пошта.
Ако има потреба од дополнителни објаснувања за локацијата слободно прашајте, а може да организираме некој и да ве пречека пред зградата пред одржувањето на средбата.
Присуството го потврдија
--MacedonianBoy (разговор) 17:24, 9 март 2009 (UTC)
--Kiril Simeonovski (разговор) 17:59, 9 март 2009 (UTC)
--Виолетова 08:34, 10 март 2009 (UTC)
--Wikimk (разговор) 08:36, 10 март 2009 (UTC)
--Милош (разговор) 13:18, 10 март 2009 (UTC) но најверојатно ќе морам да заминам околу 13:30.
--Ivica83 (разговор) 00:21, 11 март 2009 (UTC)
--brest (разговор) 18:36, 11 март 2009 (UTC) продолжуваме со работа.
--Boyan (разговор) 18:52, 11 март 2009 (UTC)
--FlavrSavr (разговор) 19:34, 11 март 2009 (UTC) освен ако премногу не се оштетам во петок навечер ;-).
Коментари
Дали планираат да доаѓаат луѓето што дојдоа минатата средба, и да се пријави уште некој? Бидејќи, Мисос како што кажа, можеби ќе си отиде порано и ќе останеме малку луѓе па ако доаѓаат луѓето од минатата средба и плус уште некој да ја одржиме средбава а ако не другата недела. Поздрав--MacedonianBoy (разговор) 22:26, 10 март 2009 (UTC)
Извештај од средбата
Присутни
На вики средбата дојдоа:
- MacedonianBoy
- Kiril Simeonovski
- Виолетова
- Wikimk
- Милош
- brest
- Boyan
И покрај најавеното присуство, не присуствуваа:
- FlavrSavr
- Ivica83
Тек на расправа
Главна задача на оваа вики средба беше да се разгледа англиската верзија на статутот на Викимедија Македонија и уште еднаш да се препрочита македонската верзија.
Покрај другото се дискутираше и за процедурата за формална регистрација на Здружението при надлежните органи.
Во продолжение на викисредбата беа разгледани и тековните активности на вики заедницата. Беа разгледани и беше расправано и за тековните проблеми со кои се соочува вики заедницата и начините за нивно надминување.
Заклучоци
- Заклучено е да се стапи во контакт со одговорните од Wikimedia Foundation со цел добивање дозвола за формирање локален огранок на Викимедија за Македонија;
- Заклучено е да се продолжи со средување на останатите документи (по можност во текот на идната седмица, преку колаборација по пат на е-пошта) потребни за формално запишување на Здружението во соодветните државни регистри на Република Македонија;
- На следната вики средба да се потпишат потребните документи со кои ќе се овозможи запишување на Здружението во соодветните регистари;
- Следната вики средба (на која ќе се потпишат потребните документи) по можност да се одржи некаде надвор од Скопје. Кандидатурата за град домаќин на следната вики средба е отворена. Пријавувајте се овде:
Следната вики средба ќе се одржи во:
За следната средба
Чек малку, нели рековме прво да ги довршиме документите овде, па после ќе одиме на вики-средби низ Македонија? --Виолетова (разговор) 11:07, 15 март 2009 (UTC)
- Ама не пишав јас за датум, туку само за место за одржување. Поздрав, --Wikimk (разговор) 13:30, 15 март 2009 (UTC)
|