Википедија:Викисредба (28 март 2009)
Се закажува нова Вики средба за 28 март 2009 во 12.00 часот. На средбата ќе бидат разгледани сите новини и случувања во периодот од претходната средба, а посебно внимание се очекува да се обрне на завршните работи во изготвувањето на Статутот на Здружението. Претходната викисредба на која се разгледуваа идеите и предлозите во врска со формирање на Здружението. На оваа средба треба да се завршат формалностите во врска со основањето на Здружението. Место на одржување на средбата: Прво Пензиско Друштво, спроти раскрсницата кај мостот Гоце Делчев, кај Македонска пошта. Присуството го потврдија
Извештај од средбатаПрисутниНа вики средбата дојдоа: Тек на расправаОваа викисредба, пред сè претставуваше простор за разговор за случувањата на Википедија на македонски јазик во месец март. На средбата не беше исклучено и се поразговра околу довршувањето на статутот на Здружението, а несоодветниот Член 5, во кој се употребуваше поимот „локален огранок“ беше заменет, па организацијата Викимедија Македонија е „независна организација која тесно соработува“ со фондацијата Викимедија. За време на средбата, Здружението „Викимедија Македонија“ беше додадено во листата на слични планирани здруженија. (Видете овде) Тема на разговор беше и работата околу промовирање на Википедија на македонски јазик, како и можностите во иднина да се омасови идејата за нејзино уредувања. Беше одлучено да се започне со отворањето на стручните одбори, а како најпогоден во овој моент би бил стручниот одбор астрономија, во кој би биле вклучени членовите на астрономското друштво „Скопје“, кои ни ја оставија на располагање базата на податоци. Оваа средба траеше пократко во однос на претходните, а во продолжение беше разговарано за изработката на програма на работа на Здружението, која исто така е значајна при неговото основање.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:03, 12 мај 2009 (UTC) За следната средбаСо апсолутна согласност беше одлучено, идната викисредба да се одржи во последната сабота од месец април (25 април), но не отстапува и можноста за предвремена Викисредба доколку тоа е потребно. Имаше желба за промена на местото на одржување, па така не се знае точно каде би се одржала следната средба.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:27, 14 јуни 2009 (UTC)
|
Portal di Ensiklopedia Dunia