Википедија:Викисредба (3 септември 2010)Вовед · Почетен курс · Помошна табела · Превод на статија · Вашата прва статија · ЧПП · Помош · Начела и напатствија Селска чешма (Village pump) ·
Потребни статии ·
Инкубатор ·
Кандидати за избрана статија (Ревизија) ·
ВикиПроекти ·
Викисредби ·
Одржување · Администратори · Потреба од администраторско внимание · Прашања за авторски права Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења. Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија, да учествуваат во подготовката на следната вики-средба. Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedija
Време на одржувањеПредлог термини за одржување на вики-средбата:
Место на одржувањеМожно место на одржување на средбата:
Почеток и крај
Присуството го потврдија
ДиксусијаКако што насетив од разговорите, средбата ќе биде одржана во рибниот ресторан Крезмак?!? -- Бојан имаш за кажување? 17:58, 3 септември 2010 (CEST)
ПрисутниВики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:
Извештај од средбатаВо Крезмак, каде што конечно одлучивме да се одржи средбата пристигнав на време, но таму веќе беа Bjankuloski06, Boyan и Виолетова. Очекувајќи ги и останатите, опуштено разговаравме на различни теми. Особено задоволство ми претставуваше разговорот со Bjankuloski06, кој за прв пат присуствуваше на една Вики средба. Откако дојдоа Wikimk, а кратко потоа и Brest започнавме отворен разговор за употребата на македнскиот јазик на Интернет, особено на проектите на Викимедја. Најактивен беше Bjankuloski06, кој впрочем има огромен придонес за бројот на статии на македнски не само на проектите на Викимедија, туку воопшто. Разговорот беше долг, а во меѓувреме ни се придружи и FlavrSavr. Заклучивме дека е добро уште веднаш да се обратиме кон надлежните органи и институции и да се обидеме да добиеме дигитални бази на податоци со содржини на различни теми, кои би можеле лесно да ги претвориме во корисни содржини на Википедија. Се обрна внимание и на односите кон медиумите и останатата јавност, со забелешка за подобра подготовка при контактите со нив во иднина. Сепак, главното нешто по што ќе е памети средбата беше тоа што присутните се согласија да пристапат во Викимедија Македонија, пополнувајќи ги пристапниците за членство. Со тоа, локалниот огранок, официјално ги доби своите први членови, а едногласно се согласивме дека е најдобро пристапницата да биде достапна и во дигитална форма, со што заинтересираните би требало само да ја отпечатат, пополнат и испратат по пошта. Во продолжение, започнавме разговор за идните планови на огранокот и констатиравме дека е добро да организираме национална конференција, која во иднина би можела да прерасне во меѓународна. Беа разгелдани и можностите за учество на различни предавања, како и организирањето на различни проекти. На средбата пристигна и Ivica83, со кого започнавме разговор за културата на однесување меѓу членовите на мејлинг листата. Остатокот од средбата помина во знакот на краткорочните активности на Википедија, а посебен акцент се стави на пополнувањето на „празните статии“ за години, за коишто се планира покренување на иницијатива во текот на месецот и се очекува голем број на корисници да се вклучат во неа. Сите станавме и си заминавме истовремено, кога на часовникот беше 22 часот и 10 минути.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:32, 4 септември 2010 (CEST) За следната средбаСледната средба ќе се одржи на крајот на месец септември.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:32, 4 септември 2010 (CEST)
|
Portal di Ensiklopedia Dunia