Викисредба V
Викисредби
|
2025
2024
2023
2022
2020
2019
2018
2017
2014
2013
2012
2011
2010
2009
2008
2007
2006
|
Согласно постигнатиот начелен договор на минатата вики средба одржана во јануари, за почесто одржување на викисредби, најчесто кон крајот на тековниот месец, а со оглед на заинтересираноста покажана на мејлинг листата vikipedija@hedona.on.net.mk, време е да се закаже нова вики средба.
Начелниот договор е одржување на викисредба на 28 февруари (сабота) во 17 часот. Бидејќи оваа средба има за цел да се формира иницијативен одбор за регистрација на НВО Викимедија Македонија, којшто ќе покрене соодветна постапка пред надлежните органи, се предлага викисредбата да се одржи во работни простории (наместо како до сега во кафуле) кои се наоѓаат во истата зградата како и Прво Пензиско Друштво (за оние кои не знаат тоа е спроти зградата на Владата, близу до Јапонскиот културен центар, или спроти раскрсницата кај мостот Гоце Делчев, кај македонска пошта, ..., ако има потреба од дополнителни објаснувања за локацијата слободно прашајте, а може да организираме некој и да ве пречека пред зградата пред одржувањето на средбата). Просториите ни се ставени на раполагање благодарение на Виолетова.
Со оглед на тоа дека средбата треба да се одржи утре, доколку некој до сега не бил во тек со активностите околу закажување, т.е. смета дека премногу доцна е закажана викисредбата и нема време да се организира постои можност истата да се презакаже за наредната сабота (7 март) на исто место и час (17 часот).
Ќе дојдам на 28 февруари во 17 часот
Состанокот е закажан за во 17 часот на 28 февруари. Вашиот глас на оваа листа значи дека се сложувате или дека не се сложувате со одржувањето на средбата во закажаниот термин. Коментарите не се бројат.
--brest (разговор) 10:14, 27 февруари 2009 (UTC) Да известам дека веќе има доволен број на заинтересирани (согласно законската регулатива) кои би биле основачи на Здружението на граѓани Викимедија Македонија, а и понатаму останува можноста да се придружите на иницијативата. На викисредбата може да се поработи на создавање на останатите документи потребни за регистрација на здружението, како и дефинирање на целите и формата на негово дејствување, преточени во соодветен статут на здружението.--brest (разговор) 10:14, 27 февруари 2009 (UTC)
Wikimk (разговор) 10:48, 27 февруари 2009 (UTC) За мене не е проблем и одложување доколку не се собереме доволно луѓе за 28 февруари.
--Kiril Simeonovski (разговор) 12:13, 27 февруари 2009 (UTC) А, што велите за 13:00 или 13:30? Не дека ми се брза или не ми одговара 7 март, но веќе кога не бевме одлучни до денес, мислам дека меѓу нас може да го промениме терминот.
--Виолетова (разговор) 14:08, 27 февруари 2009 (UTC) Може и во 13:00, што се однесува до мене, можеби и поарно :)
--Mile km (разговор) 15:05, 27 февруари 2009 (UTC) оваа сабота ми одговара, со оглед дека некој е од внатрешноста фер би било почетокот да се помести малку порано, бидејќи реално нема шанси да се започне во 17 часот и ефективно да се заврши во разумно време кога на пример MacedoniaBoy би можел да се врати дома. Видов предлог 13:00/30 часот и веќе го имаме првичниот предлог 17:00 часот. Значи ако нема никој против да се усогласиме дефинитивно да биде 13:00 часот, за да има време за сè. Плус предлагам веднаш тука да се дефинира предлог на дневен ред, за да се знае што точно ќе се расправа и по кој редослед.--Mile km (разговор) 15:05, 27 февруари 2009 (UTC)
Не можам, касно е.--MacedonianBoy 16:18, 27 февруари 2009 (UTC)
--Boyan (разговор) 17:35, 27 февруари 2009 (UTC) Но, зошто да не презакажеме за порано (13 часот) за да можат да дојдат и корисници од други градови? Мене би ми одговарал и тој термин.
--FlavrSavr (разговор) 19:18, 27 февруари 2009 (UTC)
Сепак, некој да зема обврска да напише она што било договорено. Убав помин...--Астрион (разговор) 22:05, 27 февруари 2009 (UTC)
Предлог дневен ред
- Утврдување на присутност
- Расправа по заклучоците од минатата викисредба
- Избор на записничар
- Избор на иницијативен одбор
- Понатамошни акции за регистрација на НВО
- Друго
- Заверка (потпишување од присутните) на записникот
Ве молам наредните Вики Средби да се закажуваат околу 1 часот за да има простор сите корисници надвор од Скопје да дојдат. Јас би бил дел од иницијативниот одбор (ако е можно бидејќи нема да присуствувам утре) но утре не можам да дојдам утре поради терминот. Поради тоа, ако може да се разговара на утрешната средба да се закажуваат наредните околу 1 часот. Разгледајте го овој коментар. Благодарам --MacedonianBoy 18:00, 27 февруари 2009 (UTC)
Барам да се одложи вики средбата за 7 март
- Коментар за викисредбите: Дали е возможно овие вики средби да се одржуваат порано, како на пример со почеток од 12 или 13 часот. Исто така дали можат да бидат во тек на работен ден, како на пример петок? Во сабота слабо имам превоз за назад (од Скопје за Тетово) па не можам толку подоцна или пак во сабота. Поздрав--MacedonianBoy 10:41, 27 февруари 2009 (UTC)
Што се однесува до мене, нема да има проблем.--brest (разговор) 10:51, 27 февруари 2009 (UTC)
За мене не е проблем и одложување доколку не се собереме доволно луѓе за 28 февруари или доколку има реакции. Одржувањето на средба во петок е незгодно зашто некои се на факултет, на работа и сл. Одржување на средба во сабота би било подобро, но пред 17 часот. Wikimk (разговор) 11:09, 27 февруари 2009 (UTC)
Може да ја одложиме средбата, но мислам дека и за утре може да ја презакажеме. И друг пат внимавајте кога го пишувате датумот, бидејќи денес е 27, а утре 28 февруари, а не како што беше напишано. Кога прочитав си помислив дека станува збор за денес (петок) од 17 часот.
Извештај
Почеток и присутност
Средбата за почна во 17.00 часот на претходно договореното место. Присутни беа следниве википедијанци:
- brest
- Wikimk
- Kiril Simeonovski
- Виолетова
- Boyan
- FlavrSavr
- Arwena
- Ivica83
Средбата помина во работна атмосфера и дискусија за актуелностите поврзани со случувањата на мк.википедија. Договорено е во иднина, начелно викисредбите да се закажуваат по можност во 13:00 часот и најчесто во сабота со цел и википедијанците нескопјанци да имаат шанса да присуствуваат на средбите.
На крај некој си заборави патики, дел си замина дома, дел на други претходно планирани активности а дел продолжи со дружење во блиската пицерија, гасејќи ја жедта со по некое пивце и сокче а гладот со некое парче пица.
Викимедија Македонија
Покрената е иницијатива за основање на Здружение на граѓани Викимедија Македонија, т.е. формиран е иницијативен одбор кој треба во најскоро време да ги подготви потребните документи и да ја започне постапката пред надлежните органи. Тоа можеби ќе се случеше и на оваа средба но за жал лаптопот на brest не сакаше да соработува поради што разгледувањето на предлог статутот и другите потребни формални документи се одложи најверојатно за идната недела, кога треба да се организира нова вики средба на која ќе се подготват овие документи.
Тековни активности
Разговарано е за тековните активности на Википедија, потребата од правилна употребата на термините и начинот на пренесување на странските имиња и називи на претпријатија, здруженија, градови, книги, списанија и друга литература, посебно при наведувањето во референците. И покрај евидентниот пораст на вредноста на Depth параметарот констатирано е да се продолжи со уредување на квалитетни статии а истовремено да се започне со бот уредувањето на статиите за астрономски објекти како и статиите за археолошките наоѓалишта во Република Македонија (види проект Археомак 2.0) кои исто така би можело да се уредуваат со помош на бот, а ги има во прилично голем број.
Промоција
Разговарано е и постигната согласност секој во рамките на своите можности да помогне за промоција на Википедија во јавноста, со цел нејзина популаризација и привлекување на нови уредувачи.
|