Викисредба VI
Викисредби
|
2025
2024
2023
2022
2020
2019
2018
2017
2014
2013
2012
2011
2010
2009
2008
2007
2006
|
Се закажува нова Викисредба за 7 март 2009 во 13.00 часот, како продолжување на претходната викисредба на која се разгледуваа идеите и предлозите во врска со формирање на Здружението. На оваа средба треба да се завршат формалностите во врска со основањето на Здружението.
Од сега па натаму Вики средбите по правило ќе бидат закажувани во 13 часот за да може на нив да присуствуваат и википедијанци кои се од внатрешноста на Македонија.
Средбата се закажува во работните простории на Виолетова кои се наоѓаат во истата зградата како и Прво Пензиско Друштво (за оние кои не знаат тоа е спроти зградата на Владата, близу до Јапонскиот културен центар, или спроти раскрсницата кај мостот Гоце Делчев, кај Македонска пошта.
Ако има потреба од дополнителни објаснувања за локацијата слободно прашајте, а може да организираме некој и да ве пречека пред зградата пред одржувањето на средбата.
Присуството го потврдија
Wikimk (разговор) 08:42, 5 март 2009 (UTC)
brest (разговор) 09:11, 5 март 2009 (UTC)
Виолетова (разговор) 13:38, 5 март 2009 (UTC)
Kiril Simeonovski (разговор) 15:05, 5 март 2009 (UTC)
Најверојатно ќе можам да дојдам, а ако има нешто што ме спречува ќе ве известам. --MacedonianBoy 15:32, 5 март 2009 (UTC)
--FlavrSavr (разговор) 20:48, 5 март 2009 (UTC)
Не можат да присуствуваат
- -{админинстратор}-
гитардемон 16:07, 6 март 2009 (UTC)
Извештај од средбата
Викисредбата започна во предвиденото време и место. Присутни беа следните википедијанци:
- Wikimk
- brest
- Виолетова
- Kiril Simeonovski
- MacedonianBoy
- FlavrSavr
- Ivica83
На средбата беше разгледуван предлог Статутот на Здружението, при што беа направени измени во текстот на предлог Статутот согласно расправата за секој член од предлог Статутот одделно.
После работниот дел се продолжи со размена на идеи и предлози за подобрување на работата на википедија и здружението.
Договорено е идната викисредба да се одржи наредната сабота со почеток по можност во 12.00 часот, на истото место, откако за истото ќе се информира пошироката вики заедница на страниците на мк.вики. На идната викисредба би се продолжило со разгледување на останатите документи кои треба да се усвојат а се потребни за формално основање на Викимедија Македонија.
Во меѓувреме ќе се работи на превод на Статутот на Здружението на англиски јазик, со цел истиот да биде проследен до централата на Wikimedia Фондацијата во САД. Обврската за превод на Статутот ја презема MacedonianBoy. Преводот исто така ќе се разгледа на наредната викисредба.
|