Поминаа веќе 3 месеца од последната средба, мислам дека може да почнеме со договарање за следна. Како сте расположени да се видиме во периодот од 19-23-ти февруари, некаде на пиво во Скопје? Или уште трае сесија, па да одложиме за март? --Милош 12:34, 9 февруари 2007 (UTC)
Jas sum za. Ke bidam vo Skopje vo toj period, pa najverojatno bi doshol (Zdravko 10:45, 10 февруари 2007 (UTC))
Мислев некој друг ќе предложи датум :) ОК, еве нека биде 21-ви февруари, во 20 часот19 часот, пред Пјаца Либертас, карши средното Јосип Броз (каде што бевме прошлиот пат). Уште еднаш, ако имате друга идеја слободно кажете. Тука пријавете се дали ќе дојдете или нема, бар да знаеме кој прочитал. Потребен кворум - 4-ца :) --Милош 18:53, 11 февруари 2007 (UTC)
присутен. --FlavrSavr 09:15, 13 февруари 2007 (UTC)
планирам да дојдам. --brest 20:37, 13 февруари 2007 (UTC)
сакам да дојдам и покрај тоа што самошто се зачленив, немам ништо објавено, и малце ми е срам. --СандраГ 04:57, 14 февруари 2007 (UTC)
планирам да дојдам. (Zdravko 12:47, 15 февруари 2007 (UTC))
еве и јас ќе дојдам. (damjanc 15:30, 15 февруари 2007 (UTC))
планирам да дојдам --Boyan 22:43, 18 февруари 2007 (UTC)
Кој сѐ е добредојден на средбата?
Секој што сака да дојде :) --Милош 09:53, 12 февруари 2007 (UTC)
Сега приметив дека следните вторник-среда има фудбал (Лига на Шампиони, осмина-финале), па доста веројатно е дека ќе биде гужва тој период низ град и може нема да има место. И нормално, можеби некој сака да гледа :) Предлагам да се одложи средбата за еден ден, значи 22-ри февруари, 20 часот, на истото место. СандраГ, никој нема да ти замери, плус доволно време имаш до тогаш да напишеш нешто :) --Милош 12:02, 15 февруари 2007 (UTC)
Четврток токму во 20 часот може да имам работа и да не можам да дојдам. Јас сум за тоа да остане среда, а за фудбалот, кој сака, може евентуално таму да гледа. Или може да поместиме за 19.00, па ќе го фати фудбалот (Zdravko 12:47, 15 февруари 2007 (UTC))
Во ред, тогаш останува среда, само во 19:00. --Милош 18:38, 15 февруари 2007 (UTC)
ЌЕ МОЖЕ ЛИ ДО СРЕДБАТА ДА ДОСТИГНЕМЕ 9000 СТАТИИ
Веројатно би можеле, ни фалат 70 статии, таман секој горе запишан да напише по 10 (мада знам Јанкуловски ќе не претрка :) ) --Милош 10:17, 20 февруари 2007 (UTC)
Guys, поминете си супер! Можеби некогаш ќе можам да дојдам, на некоја трета средба, дека навистина сакам. Само да поработам малку на статии. ;) Поздрав, -- Radmilce 20 февруари 2007
Еве ја фотката од втората вики средба.--brest 01:47, 22 февруари 2007 (UTC)
Ете, си достојавме на кажаното - минимум една средба на три месеци. На старото место, сега на поголема маса! :-) Главно се зборуваше за:
Шчо напрафивме: Милош зборуваше за својот проект со ПМФ кој ни донесе околу 50 нови статии (помалку од планираното, но што да се прави со вкоренететата студентска пасивност?), јас зборував нешто за моето искуство во Белград. Исто така, срам да ми е што ги немам доправено банерите и копчињата што ги ветив минатиот состанок, ама ќе бидат.
Во иднина, треба да се размислува за отворање на невладина организација, т.е. здружение на граѓани. Тоа би ни овозможило да организираме Вики-настани во земјава, а damjanc рече дека ќе ни помогне во регистрацијата.
Луѓе, користете ги мејлинг листите!
Толку од мене, ги оставам другите присутни да коментираат за своите впечатоци и заклучоци од состанокот. --FlavrSavr 15:01, 23 февруари 2007 (UTC)
Мислам дека најмногу време поминавме во дискусија околу можноста да направиме невладина организација и финансиите што би ни требале за тоа. Bottom-line, Дамјан би можел да ја збрка целата работа ако обезбедиме некои 100-150 евра (незнам точна бројка). Зборев со Филип од Метаморфозис, они не би ни дале финансии за основање, ама би ни помогнале во некои понатамошни активности, како организирање конференции, семинири, работилници и сл.
Новица предложи и оваа година да држиме предавање/работилница на Инстал-фестот што ќе го организира Слободен Софтвер Македонија, во средината на април.