Викисредба XLVI
Викисредби
|
2025
2024
2023
2022
2020
2019
2018
2017
2014
2013
2012
2011
2010
2009
2008
2007
2006
|
Се известуваат сите корисници на Википедија на македонски јазик дека на 15 јануари 2018 година (понеделник), со почеток во 19:00 ч., во Пјаца Либерта во Скопје (карта) ќе се одржи викисредба за одбележување на 17 години од постоењето на Википедија. На викисредбата ќе има дружење, разговори на разни теми, а на крајот и роденденска торта.
--Ehrlich91 (разговор) 18:32, 10 јануари 2018 (CET)[одговори]
--Kiril Simeonovski (разговор) 23:36, 10 јануари 201 (CET)
--Ivan Zivkovik (Иван Ж (разговор) 10:12, 11 јануари 2018 (CET))[одговори]
--BlueEagle1 (разговор) 21:14, 11 јануари 2018 (CET)[одговори]
--M4r51n (разговор) 13:11, 14 јануари 2018 (CET)[одговори]
--Марио Шаревски - Македонец (разговор) 12:46, 15 јануари 2018 (CET)[одговори]
Дискусија
Присутни
- Ehrlich91 (разговор • придонеси)
- Kiril Simeonovski (разговор • придонеси)
- Иван Ж (разговор • придонеси)
- BlueEagle1 (разговор • придонеси)
- M4r51n (разговор • придонеси)
- Македонец (разговор • придонеси)
- Инокентиј (разговор • придонеси)
Најпрвин јас (Ehrlich91) се сретнав со Иван (Ivan Zivkovik) пред самата Пјца Либерта, каде веќе беше пристигнат Марио (Македонец). За кратко пристигнаа Цветко и Кирил (Kiril Simeonovski и Инокентиј), како и Мартин (M4r51n). На крај пристигна Елизабета (BlueEagle1), која пристигна со своја пријателка.
Разговорот се одвиваше околу општи работи на Википедија и како сите сме започнале на Википедија, како и нашите интереси и теми на уредувања. Со Елизабета разговаравме за тоа како не сите корисници сакаат да бидат окружени со други луѓе и да се запознаат, односно ја почитуваат анонимноста која ја пружа Википедија и уредување од дома, без контакт со други лица од заедницата.
Понатаму, разговаравме за други интереси, како возење велосипед и како тоа ни овозможува да посетиме одредени села, фотографирање на самите села, селските чешми, религиозните објекти, со што се дава шанса за надополнување на Википедија.
Тема на разговор беше и достигнувањето на 100.000 статии на Википедија на македонски јазик, како и начините кои одредени други јазични изданија на Википедија ги користат, како што беше неодамнешното усвојување на масовен внес на статии на српската Википедија.
Подоцна, со почетокот на ракометниот натпревар помеѓу Македонија и Црна Гора на Европското првенство во ракомет за мажи 2018, сите продолживме да го следиме натпреварот, а за време на самото полувреме беше пресечена и роденденската торта со лого на Википедија. Средбата заврши по самиот натпревар, кој заврши со победа на Македонија, околу 22:30 часот.--Ehrlich91 (разговор) 19:26, 16 јануари 2018 (CET)[одговори]
|