Википедија:Викисредба (17 јули 2012)Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења. Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија да учествуваат во подготовката на следната вики-средба. Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedija
Се известуваат корисниците на Википедија на македонски јазик дека следната Вики-средба ќе се одржи на 17 јули 2012 во просториите на хаклабот КИКА (google maps) во Скопје, со почеток во 19:30. Поканети се сите заинтересирани да присуствуваат. Предлог дневен редВрз основа на неодамнешните случувања, дневниот ред е соодветно прилагоден и ги содржи следните точки:
Ова е само предлог дневен ред, па доколку некој смета дека нешто е испуштено и треба да се додаде, слободно може да го предложи во делот за дискусија во продолжение од оваа страница. Присуството го потврдија
ДискусијаПрисутниВики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:
Извештај од средбатаНа самиот почеток од средбата ВММК беше задолжена со клуч од просториите на Хаклабот КИКА. Тоа значи дека треба одговорно да се постапува со довербата која ни е укажана од страна на 2СМ, дека е потребно да се организира распоред на дежурства во термините резервирани за Википедија во хаклабот, со цел секој термин да биде слободен и на располагање на заинтересираните википедијанци. Со оглед на тоа што присутните на оваа вики средба беа сите членови на ВММК и членови на ИО на ВММК, следниов дневен ред беше усвоен и по истиот расправано:
За следниве точки, поради кусото време предвидено за оваа средба, беше само на кратко дискутирано без да се заземе конкретен став или да се донесе некој заклучок:
Следната вики средба е во редовниот термин, наредниот вторник во 19.30 часот во Хаклаб КИКА. Однапред, сите заинтересирани се поканети за присуство.
Следна вики-средбаСледната Вики-средба ќе се одржи на истото место по точно една седмица.--Kiril Simeonovski (разговор) 09:21, 23 јули 2012 (CEST)
|
Portal di Ensiklopedia Dunia