Википедија:Викисредба (2 септември 2009)
Се закажува нова Вики средба за Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија, доколку се во можност да присуствуваат на оваа средба и да споделат барем еден ден со оние со кои заедно работат на Википедија. Место на одржување на средбата: трговски центар Ramstore, Скопје. Почеток и крај
Присуството го потврдија
Не можат да присуствуваат
ДискусијаМожеби терминот не е соодветен, поради празникот, но сепак мислам дека што поскоро ги извршиме сите потребно работи околу здружението, тоа подобро. Сепак, со оглед на тоа дека на средбата ќе се разгледа тековната ситуација во врска со Викимедија Македонија, мислам дека не е многу паметно на оваа средба да присуствуваат помалку од петмина, бидејќи во неа се очекува да работат барем 15. Поради тоа, поставив услов, кој се надевам дека ќе најде примена и при закажувањето на другите Вики средби. Имено, доколку точно 2 дена пред времето закажано за одржување на средбата, нема доволен број на заинтересирани кои ќе го потврдат присуството, средбата ќе биде одложена. Мислам дека 2 дена пред средбата е коректен интервал и се надевам доколку средбата биде одложена, нема да биде предоцна и нема да ги уништи плановите на заинтересираните. Како алтернатива е некој работен ден од идната седмица, а како најпогодни ми изгледаат среда или четврток. Терминот на одржување ќе биде подоцна, околу 18:00. Доколку поради празниците не сте во можност да присуствувата во првично закажаниот термин, ќе Ве замолам да дадете свој предлог како алтернатива за одржување на средбата.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:58, 25 август 2009 (UTC) Средбата е одложена за 2 септември, со почеток во 18:00. Се надевам дека ќе има заинтересирани во новиот термин.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:05, 27 август 2009 (UTC)
Извештај од средбатаВики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци: Со оглед на презакажувањето, а и на откажувањето на Милош и Arwena, искрено не очекував дека на оваа средба ќе присуствуваат доволен број на луѓе за една организација каква што ќе биде Викимедија Македонија. Ова мислење ми се вртеше во главата уште пред почетокот на средбата, кога ги очекував останатите. Бев во трговскиот центар Рамстор, во исчекување на првиот Википедијанец, а бев внимателен, бидејќи за псрисуство на средбата имаше најави и од корисници кои икогаш не присуствувале. Прв ми се придружи FlavrSavr, а веднаш потоа бевме изненадени од Фичо и Revizionist, со кои се запознавме, бидејќи пред тоа не сме имале ваква можност, а впрочем и тие никогаш не присуствувале на некоја Вики средба. По краткото запознавање, решивме да седнеме во кафе бар Мамбо, со што ја отфрливме можноста да седнеме не место на кое се служи храна. Жал ми е за оние кои беа навистина гладни, но сепак мнозинството одлучи.Откако седнавме веќе беше 18:15. Првите разговори се однесуваа на уредувачкото искуство на секој од присутните на Википедија, а веднаш се отвори разговор за историски и етнолошки теми. Кратко потоа, пристигна и Виолетова, која не изненади доведувајќи ги со неа и ..... и идниот Википедијанец Алек. Уште при претставувањето Алек соопшти дека е етнолог и антрополог, па тоа само овозможи да продолжи започнатиот разговор на овие теми. Откако доволно се разговараше на историски и етнолошки теми, јас и FlavrSavr, во согласност со останатите решивме и да им го објасниме принципот на работа на локалните ограноци на Викимедија Фондација и нашите намери и цели во желбата за промоција на проектите на Викимедија, пред сè Википедија. Сите се согласивме дека идејата со образовните семиинари во средните училишта и факултетите во Македонија е одлична и дека со нејзина реализација е можно да се зголеми активноста на проектите. Исто така се разговараше и за веќепоставените потенцијални проекти, а како особено значаен проект се издвои поддршката на проектите на јазиците, кои говорат на малцинските јазици во Македонија. Во меѓувреме пристигна и brest, кој вклучувајќи се во разговорот ни соопшти дека овој проект може да ни овозможи и полесно да најдеме соработници кои ќе на различен начин може да ни помогнат во остварувањето на сите зацртани проекти. Со завршувањето на разговорот за здружението, се отворија разговори на повеќе теми, кои многу и не се поврзани со Википедија. Можеби разговорот за слободните лиценци и за воведувањето на нови правила и принципи за прикажување на изворите беа од најголемо суштинско значење. всушност, се размислуваше и се даде мислење дека нема да биде лошо на статиите на Википедија на македонски јазик за спроните историски теми, да се додаваат информации од гледиштен на сите страни, кои ќе бидат поткрепени со соодветни извори. Времето минуваше, а и бројот на луѓе во трговскиот центар полека се зголемуваше. Ова го заклучив и по зголемениот број на присутни во кафе барот, во кој присуствувавме. Поради обврски, прв не напушти Revizionist, изјавувајќи дека ќе ги подржи активностите на здружението и најавувајќи дека ќе присуствува и на некоја од следните Вики средби. Темите на разговори брзо се менуваа, па по некое време решивме и останатите да се растуриме. Веќе беше 21 часот, кога го напуштивме трговскиот центар и секој тргна по дома.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:29, 2 септември 2009 (UTC) За следната средбаВо план е враќање на стариот принцип на закажување на Вики средба секоја последна сабота од месецот. Сепак, сè уште е рано да се закаже следната Вики средба. Доколку нешто се случи во меѓувреме, можно е да се закаже и вонредна средба.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:29, 2 септември 2009 (UTC)
|
Portal di Ensiklopedia Dunia