Википедија:Викисредба (30 април 2012)Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења. Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија да учествуваат во подготовката на следната вики-средба. Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedija
Следната редовна вики средба ќе се одржи на 30 април 2012 година со почеток во 19:00 во Every Day, Скопје. (помош). Поканети се сите заинтересирани за присуство на средбата. Присуството го потврдија
ДискусијаПрисутниВики средбата започна со мало задоцнување на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци: Извештај од средбатаНа средбата присуствувавме само јас и Brest, кој пристигна со мало задоцнување. Најпрво, Brest започна со изнесување на некои од впечатоците од овогодинешната Конференција на Викимедија во Берлин, а кратко потоа се префливме на неодамнешното предавање на УЈИЕ во Тетово и нивната желба за започнување на проект со кој ќе помогнат во збогатувањето на содржините на Википедија. Имено, предавањето поминало успешно и следните чекори ќе бидат во организирање на проекти на Википедија на македонски, албански и англиски јазик, каде ќе бидат активни студентите. Во продолжение, Brest ми соопшти дека присуствувал на изложба на фотографии во Велес, каде што наводно постои интерес во обезбедувањето на фотографии под лиценцата Creative Commons Наведи извор-Сподели под исти услови, што би претставувало прва соработка во рамките на секторот ГЛАМ. Разговаравме и за Викиманија 2012, којашто за околу месец и половина ќе се одржи во Вашингтон, како и за можните учесници од Македонија. Што се однесува до Википедија, по долго време, повторно се отвори прашањето околу врааќњето на избраните слики и мултимедијални содржини на главната страница, што би можело наскоро да се оствари. Се зборуваше и за слабата употреба на селската чешма како клуч за развојот на проектот и влијанието на сево ова врз недоволниот интерес за присуство на Вики средбите. Притоа, кон ова се надоврзавме и со слабата употреба на страниците за разговор на страниците и недоволното учество од страна на активните корисници. Средбата заврши нешто по 21:00.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:13, 4 мај 2012 (CEST) Следна вики-средбаНа средбата беше одлучено да се задржи традицијата на одржување на Вики-средба секој последен понеделник во месецот, па според тоа следната средба се закажува за 28 мај 2012.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:15, 4 мај 2012 (CEST)
|
Portal di Ensiklopedia Dunia