Викисредба I
Викисредби
|
2025
2024
2023
2022
2020
2019
2018
2017
2014
2013
2012
2011
2010
2009
2008
2007
2006
|
Како што веќе неколку луѓе споменаа, може да се договориме за прва „неофицијална“ вики средба. Предлагам да се видиме во недела, во 20:00, во Пјаца Либертас, спроти гимназијата Јосип Броз. Би требало да имаме некој минимален кворум за средбата, па пријавете се овде кој би дошол. --Милош 17:13, 24 ноември 2006 (UTC)
П.С. Пиењето е на ваша сметка :) --Милош 19:39, 24 ноември 2006 (UTC)
- --Милош 17:13, 24 ноември 2006 (UTC)
- --FlavrSavr 17:27, 24 ноември 2006 (UTC)
- --Boyan 17:34, 24 ноември 2006 (UTC)
- --Arwena 20:37, 24 ноември 2006 (UTC)
ОК, има кворум! --FlavrSavr 18:46, 25 ноември 2006 (UTC)
Впечатоци и заклучоци
дојдоа: Милош, FlavrSavr, Boyan, Arwena + двајца претставници од Слободен софтвер Македонија
Во ред, крајно време беше после повеќе година заедничка работа, да се сретнеме, така што оваа средба од старт е успех! Се запознавме, испивме едно-две пива, евоциравме лоши и (претежно) добри спомени од нашето искуство на Википедија, и се договоривме за некои работи. Општ заклучок е дека сите си поминаа супер. Друго:
- Треба да се работи на поголема веб-промоција на Википедија, да привлечеме нови корисници. Тоа конкретно значи дека јас, во најскоро време што можам, ќе изработам еден промотивен пакет од најразлични веб-банери, копчиња и слично (анимирани и неанимирани), па потоа тоа би им се испратило на поголемите веб-сајтови во Македонија, би се користеле по вашите блогови, итн. итн.
- Потребна е подобра комуникација и координација помеѓу корисниците кои се секојдневно тука (тоа ги вклучува и администраторите) - има повеќе начини: активирање на ИРЦ каналот на македонската Википедија - #wikipedia-mk, ваше зачленување во мејлинг листата, користење на IM messenger-и итн. (мојот Y! и Gtalk акаунт е slobodanjakoski)
- Преведување на Википолитиките и упатствата е исто така потребно. Тука не падна конкретен договор, но очекувам да се договориме во следниов период по горенаведените методи на комуникација.
- Претставниците од Слободен софтвер Македонија не информираа дека во рамките на проектот Сподели знаење, на Електротехничкиот факултет добиле термин и просторија во вторник навечер, кој во иднина би можел да се користи за организирање на еден или повеќе Википедија семинари, работилници, итн. --FlavrSavr 20:45, 27 ноември 2006 (UTC)
Има тука и повеќе да се додаде (како на пр. можниот проект на Милош со студентите од ПМФ), но би сакал и другите присутни на средбата да го кажат својот збор. Во иднина, ќе има и други средби - мојот предлог за почеток, е минимум една средба на три месеци, со тенденција за зачестување на средбите. --FlavrSavr 20:45, 27 ноември 2006 (UTC)
Стана збор на оваа средба за промоција на Википедија кај останантите читатели и можеби идни корисници.
Би сакал да напишам текст ,,Вклучи се на Википедија" кој би го поставила кај мене на блог, за да се привлечат и други корисници кои би придонеле со свои текстови.
За да можат да го линкаат другите, треба да биде краток, прецизен, концизен и разбирлив. Не сакам да го напишам сама, бидејќи е ова заеднички проект. Затоа барам соработка од корисниците да го кажат своето мислење, што би требало да стои во овој промотивен текст?
--Arwena 22:10, 27 ноември 2006 (UTC)
- Јас се слагам со FlavrSavr, средбата помина одлично, во опуштена атмосфера, имаше дуир и конструктивен дел :) Мое мислење за темите:
- „Пропанганден материјал“ ни треба што е можно побрзо. FlavrSavr кога ќе ги заврши банерите ќе го пратиме до повеќе сајтови како он.нет, идивиди и сл. Арвена, до каде стигна со текстот за Википедија? Повторно мислам дека FlavrSavr може доста да ти помогне. --Милош 13:40, 28 ноември 2006 (UTC)
- И јас се залагам за подобра комуникација меѓу уредниците. Ирц каналот е отворен за сите, и мислам дека во комбинација со маилинг листа би бил одличен начин за координација на проектов. Anyway, мојата гугл сметка е misoss, слободно додадете ме. --Милош 13:40, 28 ноември 2006 (UTC)
- Дечките од слободен софтвер се расположени да ни отстапат термин, треба ние да договориме кога и за што би збореле. Повторно, потребни ни се идеи. --Милош 13:40, 28 ноември 2006 (UTC)
- Проектот со студентите од Институтот за Информатика веќе започна, денес ја одржив првата презентација за Википедија. Во теков на денот ќе отворам некаква страница за проектот, и ќе ја поставам презентацијата што ја користев. Мое мислење е дека помина солидно, имаше доста заинтересирани луѓе (нормално, и незаинтересирани :)), ќе видиме во следниот период дали сум успеал во мисијата. --Милош 13:40, 28 ноември 2006 (UTC)
- Средби би било добро да имаме од еднаш месечно до еднаш на три месеци. Следната средба ќе гледаме да ја најавиме порано, преку SiteNotice, за сите корисници да знаат. --Милош 13:40, 28 ноември 2006 (UTC)
- На средбата веќе кажав, јас и FlavrSavr сме поканети на регионалната Википедија средба во Белград, на 16-17 декември. Меѓу другото, имаме доделено термин од 1 саат за презентација на нашата заедница. Има ли некој друг заинтересиран да оди и идеи што би можеле да кажеме таму? Само за информација, ќе презентираат Florance, Delphine (од Викимедија фондација), Oscar (од холандската заедница, еден од девелоперите), хрватската, словенската, бугарската и нормално, српската заедница. --Милош 13:40, 28 ноември 2006 (UTC)
Воглавном тоа е основата на состанокот, сега останува уште Boyan да каже свое мислење :) --Милош 13:40, 28 ноември 2006 (UTC)
А што да кажам уште? ;-) Средбата беше одлична, разговаравме за сè она погоре наведеното. Ќе се потрудам и јас да привлечам луѓе кои би пишувале константно тука (а и досега сум се трудел). Инаку, за средбата во Белград навистина ми е жал што нема да можам да присуствувам, како од факултетски, така и од некои други добри причини ;-) Се сложувам и јас да се среќаваме почесто (и како веќе запознаени) да ги изложуваме нашите ставови и мислења во полза на развојот на македонската Википедија (секако, и со нови Википедијанци) ;-) Boyan 13:52, 28 ноември 2006 (UTC)
- како дел од мојот медиумски ангажман за Википедија, веќе е поставен банер на порталот http://bloger.com.mk/ (= http://macedonianblog.com/). Бидејќи истата персона е газда и на http://alibi.com.mk/, се согласи да постави и таму веќе изработен банер, кој ќе одговара на димензиите на порталот.
Arwena 15:14, 28 ноември 2006 (UTC)
За тие што ги интересира, Податотека:Википедија.ppt.pdf е презентацијата што ја користев денес. --Милош 14:50, 28 ноември 2006 (UTC)
На мојот блог http:arheo.macedonianblog.com/ поставив еден текст со наслов ,,Вклучи се на Википедија". Би сакала да го чујам и вашето мислење.
Arwena
Јас дури сега забележав дека сте се договориле за средба и сте ја одржале. Супер, но следниот пат најавете со подолг временски интервал за да можат да присуствуваат и повеќе заинтересирани. Да дознаев навреме и јас веројатно ќе дојдев, ама ајде следниот пат :) (Zdravko 16:10, 28 ноември 2006 (UTC))
Голем поздрав за првата средба од еден прастар админ! Со малку среќа и позитивна атмосфера, набрзо ќе видите и понекој нов пост или едит од мене. Колку за поддршка и доддршка. :) Ivica83 03:38, 29 ноември 2006 (UTC)
|