Википедија:Викисредба (15 јануари 2011)Вовед · Почетен курс · Помошна табела · Превод на статија · Вашата прва статија · ЧПП · Помош · Начела и напатствија Селска чешма (Village pump) ·
Потребни статии ·
Инкубатор ·
Кандидати за избрана статија (Ревизија) ·
ВикиПроекти ·
Викисредби ·
Одржување · Администратори · Потреба од администраторско внимание · Прашања за авторски права Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења. Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија, да учествуваат во подготовката на следната вики-средба. Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedija
Се известуваат корисниците и соработниците на Википедија дека на 15 јануари 2011 во Скопје во рамките на прославата на 10-годишнината на Википедија низ светот, ќе се одржи настан за одбележување на овој јубилеј. Прославата ќе се одржи во Ла Кања во Старата скопска чаршија, со почеток во 18:00. Учество ќе земат и некои соработници и поддржувачи на проектот, а повеќе информации може да добиете на официјалната странa за настанот се наоѓа ten.wikipedia.org. Присуството го потврдијаВе молиме додадете го Вашето корисничко име во продолжение доколку планирате да присуствувате на Вики средбата којашто ќе се одржи во рамките на прославата.
Можете исто така да го пополнете овој формулар, кој ќе им биде од помош на организаторите на низата настани по повод прославата на 10 години од Википедија. ДискусијаПрисутниВики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:
Освен наведените, присуствуваа уште десетина заинтересирани кои активно беа вклучени во дискусиите на средбата. Извештај од средбатаСо оглед на тоа дека средбата беше во рамките на прославата на 10-годишнината од постоењето на Википедија, средбата помина необично. Започнавме кратко по 18:00, откако се собравме во доволен број. Меѓу присутните имаше и заинтересирани за Википедија кои не се нејзини корисници, што беше на огромно задоволство на останатите. Најпрво, секој се претстави и го сподели своето искуство со Википедија. Имаше што да се слушне, а како поминуваше претставувањето се отворија многу прашања во врска со проектот и корисноста на енциклопедијата. Интересно беше тоа што многумина од присутните постојано ја користеле Википедија, а особено и Википедија на македонски јазик, но не биле запознаени детално за можноста на нејзиното збогатување со содржини. Продолживме со сместување на Википедија на македонски јазик на светски план и планирање на сето она што може во иднина да се направи. Како одминуваше времето, бројот на присутнтие се зголемуваше, веројатно во исчекување на презентациите кои следеа по средбата во рамките на целовечерниот настан. Дискусијата продолжи со начините на коишто Википедија може да се збогатува и сето она што може да се користи како литература. Беше објаснета улогата на наводите и изворите како клуч за веродостојноста ан содржината, а многумина се сложија дека наведувањето на истите е мошне корисна работа по која Википедија се разликува од другите енциклопедии. Освен користењето на соодветни научни трудови, се спомена и можноста за превод од некои други јазични изданија, којашто овозможува полесно совладување на некој странски јазик, што беше наведено како една од најголемите придобивки. Дури се пријавија и доброволци кои беа заинтересирани за превод на содржини од други јазици. Пред крајот на средбата, се обрна внимание и на појавата на меѓукориснички спорови за некои конкретни теми, како и улогата на страниците за разговор во нивното решавање. Притоа, се поставија и неколку прашања во врска со некои историски теми, а разговорот продолжи со раскажување на кратката историја на ваквите ситуации во минатото и учеството на некои од присутните корисници во истите на Википедија на англиски јазик. Веќе беше неколку минути пред 20 часот, со што времето предвдиено за времата беше истечено. Разговорите завршија по што присутните се префрлија во просторот каде што требаше да бидат одржани презентациите кои редоследно следуваа.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:40, 2 февруари 2011 (CET) Следна вики-средбаСледната Вики средба се очекува да се одржи во средината на месец февруари.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:40, 2 февруари 2011 (CET)
|
Portal di Ensiklopedia Dunia