Википедија:Викисредба (6 ноември 2012)Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења. Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија да учествуваат во подготовката на следната вики-средба. Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedija
Следната вики средба е закажано да се одржи на 6. ноември 2012 година со почеток во 19:30 во EveryDay, Скопје (види карта). Поканети се сите заинтересирани за присуство на средбата. Основен услов за одржување на вики-средбата е да се пријават најмалку петмина заинтересирани за присуство, еден час пред закажаниот почеток на средбата. Местото на одржување на средбата е предмет на договор. Присуството го потврдија
Не може да присуствуваат
Најверојатно и јас ќе присуствувам, ако не излезе нешто непредвидено во меѓувреме. Ќе ми биде првпат и би сакал поактивно да се вклучам во проектот. Разговор со поискусните колеги ќе ми биде добредојден.--Вик Ретлхед (разговор) 16:12, 5 ноември 2012 (CET) Одлично, сега е исполнет кворумот за средба. Поздрав и се гледаме утре.--Вик Ретлхед (разговор) 20:02, 5 ноември 2012 (CET) ДискусијаПрисутниВики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:
Извештај од средбатаПред почетокот на средбата се чекав со Тони под Железничката станица, па отаму заедно се упативме кон EveryDay. Пристигнавме неколку минути порано, што ни овозможи на кратко да имаме меѓусебен разговор на општи теми. Следен нѝ се приклучи Димче и со него продолживме да разговараме за посетата на Скопје од страна на Википедијанци од Украина, непосредно по завршувањето на Конференцијата на Средна и Источна Европа 2012, којашто се одржа во Белград на 13 и 14 октомври. Разговаравме за авантурите коишто ги имале за време на разгледувањето на градот, како и за нивните општи впечатоци. Случајно за време на разговорот нѝ се приклучи и Вик Ретлхед, кому ова му беше прво присуство на една Вики-средба. Секој од нас се претстави со по неколку зборови, па веднаш потоа продолживме на темата поврзана со конференцијата. Последен на средбата пристигна Цобе, со што се појавија сите оние коишто претходно го најавија своето присуство. На средбата главно се зборуваше на теми коишто не се толку поврзани со Википедија, а акцент беше ставен на впечатоците од конференцијата минатиот месец, на којашто присуствувавме јас, Тони и Димче (извештај). Понатаму, отворивме и потесни теми од областа на политиката и економијата, меѓу кои и за претседателските избори во САД, економската благосостојба во светот, како и за последиците од должничката криза во еврозоната и причините за нејзиното настанување. Во таа пригода, предложив идеја за започнување на проект во соработка со Економскиот факултет во Скопје, којшто ќе има за цел поттикнување на студенти да уредуваат статии поврзани со економијата на Википедија на македонски јазик. Проектот би бил спроведен од страна на Викимедија Македонија, а во неговото извршување би биле вклучени и студенти и професори. Со Цобе разговаравме и за отворениот пристап на Викимедија Србија кон зголемувањето на нејзиното членство, којшто на сличен начин би можел да се спроведе и кај нас. Имено, активностите на Викимедија Македонија во образовните институции е одлична можност да се одвои време и за промоција на работата на нашиот огранок. Разговорите на разно-разни теми не стивнуваа сè додека не се согласивме да ја завршиме средбата околу 21:30.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:27, 8 ноември 2012 (CET) Следна Вики-средбаНа средбата се спомена дека е добро следната средба да се одржи по две седмици, што се поклопува со времето кога Милош ќе биде присутен во Македонија.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:27, 8 ноември 2012 (CET)
|
Portal di Ensiklopedia Dunia