Викисредба XLVII
Викисредби
|
2025
2024
2023
2022
2020
2019
2018
2017
2014
2013
2012
2011
2010
2009
2008
2007
2006
|
Се известуваат сите корисници на Википедија на македонски јазик дека на 13 мај 2019 година (понеделник), со почеток во 19:30 ч., во Менада во Скопје (карта) ќе се одржи викисредба за одбележување на постигнатиот успех со надминување на бројот од 100.000 статии. На викисредбата ќе има дружење, разговори на разни теми, а истата претставува одлична можност за запознавање со останатите википедијанци.
--Kiril Simeonovski (разговор) 13:32, 9 мај 2019 (CEST)[одговори]
(со задоцнување од 30 мин) --FlavrSavr (разговор) 13:39, 9 мај 2019 (CEST)[одговори]
(со задоцнување од 60 мин) --Иван Ж (Иван Ж (разговор) 15:19, 9 мај 2019 (CEST))[одговори]
--Горан Петревски (разговор) 18:00, 9 мај 2019 (CEST)[одговори]
--Ehrlich91 (разговор) 19:03, 9 мај 2019 (CEST)[одговори]
--П. Неделковски 19:52, 10 мај 2019 (CEST)
--Инокентиј (разговор) 00:24, 11 мај 2019 (CEST)[одговори]
--M4r51n (разговор) 11:27, 11 мај 2019 (CEST)[одговори]
--Dandarmkd (разговор) 19:23, 11 мај 2019 (CEST)[одговори]
--Марио Шаревски - Македонец (разговор) 09:26, 13 мај 2019 (CEST)[одговори]
Дискусија
Присутни
- Kiril Simeonovski (разговор • придонеси)
- Ehrlich91 (разговор • придонеси)
- Македонец (разговор • придонеси)
- FlavrSavr (разговор • придонеси)
- Misos (разговор • придонеси)
- Ivica83 (разговор • придонеси)
- ГП (разговор • придонеси)
- P.Nedelkovski (разговор • придонеси)
- M4r51n (разговор • придонеси)
- Инокентиј (разговор • придонеси)
- Dandarmkd (разговор • придонеси)
- Иван Ж (разговор • придонеси)
- Sikavica (разговор • придонеси)
- Borisristovski (разговор • придонеси)
Во Менада пристигнав околу 19:15, а на самиот влез го затекнав господинот Пеце. Започнавме краток разговор во врска со постигнатиот успех и потребата од подобрување на квалитетот на содржините, а притоа беше нагласено влошувањето на квалитетот со масовниот внес на автоматски преведени содржини од страна на голема група корисници од време на време. Кратко потоа ни се придружи професорот Горан со кого го продолживме разговорот, а по него започнаа да доаѓаат и останатите, така што со Иван и Мартин се собравме сите. Може слободно да се констатира дека ова беше најмасовната викисредба одржана досега.
Поради големиот број на присутни на средбата, забележително беше дека се отворија повеќе разговори. Сепак, во еден миг се решивме да започнеме со кружно претставување на учесниците со оглед на тоа што се работеше за група сочинета од корисници кои придонесувале во различни временски периоди. Претставувањето започна со најискусните, па така Цобе, Милош и Ивица ги воведоа останатите во почетоците на Википедија на македонски јазик, ниската активност во првите неколку години, присуството на статии напишани на бугарски јазик, како и склоноста на некои корисници да придонесуваат исклучиво во спорови на жешки теми. Понатаму, претставувањето продолжи со останатите, така што секој ја раскажа својата википедијанска приказна, поточно начинот на запознавање со проектот, првото уредување и мотивацијата да се продолжи со активноста. Откако сите завршивме со претставувањето, средбата продолжи со повеќе разговори на различни теми, меѓу кои јас делумно бев вклучен во разговорот на Никола и Марио за македонска кошарка, како и на Милош и Иван за животот во Холандија.
Средбата заврши со послужување на т.н. „торта на знаење“, која беше нарачана во чест на постигнатиот успех, а околу 22:00 присутните започнаа со заминување.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:40, 14 мај 2019 (CEST)[одговори]
|