Вредностите обележани со # не се добиени само со опитни податоци, туку барем делумно, и по систематски тежнеења.
Неизвесностите се наведени во концизен облик во загради по соодветните завршни цифри. Вредностите од Ame2003 подразбираат едно стандардно отстапување. Вредностите од IUPAC се проширени неизвесности.
Теоретски предвидувања
Теоретските пресметки вештачките патеки за, и полураспадот на, другите изотопи покажуваат дека некои може да се постабилни од добиениот изотоп 294Og — најверојатно изотопите 293Og, 295Og, 296Og, 297Og, 298Og, 300Og и 302Og.[1][2][3] Од сите нив, 297Og веројатно нуди најголема можност за добивање на подолговечни јадра,[1][3] и затоа може да игра главна улога во испитувањето на елементот. Некои изотопи со многу повеќе неутрони (како оние околу 313Og) исто така може да дадат подолговечни јадра.[4]
Комбинации за сложени јадра со атомски број 118
Табелава наведува разни комбинации на цели и удирачи кои би можеле да се употребат за образување на сложени јадра (сложенки) со атомски број (Z) 118.
Цел
Удирач
Сложенка
Исхот од обидот
208Pb
86Kr
294Og
засега неуспешно
238U
58Fe
296Og
засега непробано
244Pu
54Cr
298Og
засега непробано
248Cm
50Ti
298Og
засега неуспешно
250Cm
50Ti
300Og
засега непробано
249Cf
48Ca
297Og
успешна реакција
250Cf
48Ca
298Og
засега неуспешно
251Cf
48Ca
299Og
засега неуспешно
252Cf
48Ca
300Og
засега непробано
Теоретски пресметки за испарувачки пресеци
Оваа табела содржи разни комбинации на цели и удирачи за кои се добиени проценки на пресеците од добивките од разните испарувачки патишта на неутроните. Наведен е патот со најголема очекувана добивка.