Општината била многу мала, составена само од два населени места — Оморани, која била престолнината и Поменово. Според државните проценки на Кралството Србија вкупното население било 927 жители, 592 од Оморани и 335 од Поменово. Двете села биле со македонско мнозинство но поради српската пропаганда во Македонија тие биле претставени како Срби. Под бугарска окупација населението било третирано како бугарско.
Меѓу 1916 и 1919 година градоначалникот на општината бил Темелко Карпус, македонски трговец по потекло од Оморани, кои се претставил како бугароман кон окупаторите, поради тоа тој бил назначен за градоначалник. Неговиот секретар бил истакнатиот македонски револуционер и социјалист Александар Мартулков.
Историја
За време на Втората балканска војнавардарскиот дел на Македонија паднала под српска окупација. После Букурешкиот мировен договор во 1913 година Македонија официјално била припоена кон Србија. Македонскиот народ страдале под суровата српска окупација. Со новата административна поделба градот Велес и нејзината околина била поделена во 26 општини и тие се по азбучен ред:[2]
Во почетокот на Првата светска војна немало промени во секојдневниот живот во општината но во 1915 година Царството Бугарија го нападнале Кралството Србија и успешно ја освоиле територијата. Со почетокот на бугарската окупација, српската пропаганда била отстранета и ја вметнале бугарската пропаганда. Немало промени во територијалниот интегритет — сите општини, селски и градски во велешкиот реон биле непроменети. Единствените промени биле отстранувањето на српскиот јазик како службен јазик и вметнувањето на бугарскиот јазик, тие исто така ги отстраниле сите србофилски градоначалници и ги преместиле со бугарофилски.
Во Општина Оморани, србофилскиот градоначалник бил отстранет и преместен со Темелко Карпус, по потекло од Оморани. Карпус бил селски кулак и близок пријател на деребеј Расим од село Десово, Прилепско. Темелко Карпус бил квислинг, според Алексо Мартулков — неговиот секретар, Карпус се спријатил со секоја окупаторска власт со цел да добие високи позиции. За време на српската власт тој соработувал со Јован Бабунски и се претставил како „верен српски агент“.[4]
Новата бугарска окупаторска власт го назначил за градоначалник поради тоа што се претставувал како бугарофил. Истовремено во една средба, Орце Андов му препорачал на Александар Мартулков да соработува со бугарската власт за да може да се вработи во висока позиција, за темата Мартулков истакнал: „Тоа не беше чудно, зашто сите доследни и верни дејци беа на располагање на бугарските власти, од десни до крајно леви. Неутрални дури немаше. Ние сите, со мали исклучоци, се бевме впрегнале да ги остваруваме националните интереси на Бугарија. Поистакнатите водачи на леви и десни македонски револуционери се беа вгнездиле едни по штабовите на армиите, други во администрацијата и полицијата, трети во општинските управи и постојани окружни комисии. Со еден збор, во сите служби бевме застапени, и тоа со завиден процент. Мнозина се грижеа да си натрупаат малку имотец. Тоа беше грозна историска стварност. Исчезнаа старите револуционерни традиции“, тој признава дека голем дел од нив соработувале само за парично осигурување.[5]
Мартулков го прифатил предлогот на Орце Андов и почнал да соработува со бугарската окупаторска власт, поради тоа тогашните водачи го назначиле за секретар на Општина Оморани. Кога стигнал во селото Оморани го затекнал местото во сиромашни услови. Во неговите спомени тој го користи поимот „ужегубернаторска“ да ја претстави положбата на селото. Голем дел од селаните не го подржувале Карпус, поради тоа тој лажно изјавил дека имало србоманска чета во селото со цел да добие воена подршка од бугарската власт. Бугарскиот гарнизон го водел Чукурски кој бил суров и строг.[6]
Но, присуството на голем гарнизон во селото било штедно. Војниците ги краделе и колеле стоката на земјоделците и сточарите. Поради воените услови албанското население во општината се преселиле. Бугарскиот терор исто така доведело до малтретирањето на селанското население, некои селани исто така биле лажно интенирани во Јужна Бугарија. Поради овие услови Мартулков одлучил да воведе реформи во општината, неговите три главни цели биле:
Да се потврди дали имало србоманска чета во општинската околија.
Ако немало, да се отстрани бугарскиот гарнизон.
Да се ослободат селаните кои биле интернирани во Јужна Бугарија поради фалсификувани причини.
За првата цел тој ги контактирал селаните од Поменово и Оморани да потврди дали имало сведоци кои можеле да потврдат дали имало србоманска чета во околијата. Открил дека имало србоманска чета но таа се преместила во Мукос околу почетокот на војната, поради тоа тие никогаш немале цел да ја нападнат општината. Со неговото откривање тој побарал од бугарската влада да го отстранат гарнизонот. Чукурски и неговата чета биле пратени да учествуваат во друг фронт но во замена пристигна четата на Манолев. Мартулков не ја подржал одлуката, поради тоа тој побарал да се отстрани четата на Манолев во селото.[7]
После долги разговори со Манолев, Мартулков успеал да ја исполни втората цел. Неговата трета и последна цел била да се вратат интернираните селани од Јужна Бугарија. Мартулков за тоа патувал директно кон Скопје во средба со привремената бугарска влада. После неколку месеци успеал да ги убеди да ги ослободат интернираните Македонци. Околу овој период Алексо Мартулков постепено го изолирал Темелко Карпус од општинските обврски, поради тоа околу 1917 година Карпус се преселува во Велес со неговото семејство. Поради тоа во последните месеци на војната, Алексо Мартулков бил неофицијалниот градоначалник.[8]
Селаните во општината, како другите општини во Македонија, морале да служат во бугарската армија поради тогашниот воен рок. Алексо Мартулков не ја подржувал идеата, поради тоа тој претходно го формирал т. н. Комитет на дезертери, но немал доволно политичка моќ за да ја спречи бугарската војска.[9] После Првата светска војна општината паднала под склоп на Кралството Југославија, во 1919 година тие воведиле нова територијална и административна поделба на Македонија. Голем дел од општините формирани под Кралството Србија биле укинати, меѓу нив бил и Општина Оморани.
Наводи
↑Алексо Мартулков постепено го изолирал од општинските обврски, поради тоа околу 1917 година тој се вратил во Велес. Како резултат од тоа меѓу 1917 и 1918 Алексо Мартулков бил неофицијалниот градоначалник.
↑Мартулков, Алексо (1954). „Поглавје XLI“ . Моето учество во револуционерните борби на Македонија. Скопје: Институт за национална историја. Положбата во селото беше „ужегубернаторска". Во селото се беше разбашкарил Темелко Карпус, родум од истото село, кулак и во минатото близок пријател на прочуениот во Прилепско и Велешко — деребеј Расим, од село Десово, Прилепско. Тој бил јатак и проводник на Расима кога овој го закупувал спаилакот. На тој начин Темелко свлечувал големи печалби од грбот на селаните, ограбувајќи ги по најжесток начин. Селаните многу го мразеа овој тип. Кога оморанчани станаа србомани, Темелко, како бугарофил, водеше борба со нив. Но неговото останување во селото во тоа време (во турско) беше невозможно и тој беше принуден да се исели во Велес. Сега пак тој беше во својата стихија. Преку различни предавства тој стана доверливо лице на воените власти и правеше страотни произволи и насилија над селаните. (Истиот тој тип по окупацијата се спријатели со српските власти и преку прочуениот главорез Бабунски — тој, заедно со целото свое семејство, стана одличен великосрпски агент).
↑Мартулков, Алексо (1954). „Поглавје XLI“ . Моето учество во револуционерните борби на Македонија. Скопје: Институт за национална историја. Имено, овој Темелко, за да се домогне до поголема власт, беше им доставил на бугарските власти дека во Оморани се појавила србоманска чета. Поради тоа во селото беше сместена една чета бугарски војници. Четен командир и командант на селото беше капетан Чукурски, еден суров војник. Со него човек мораше да биде многу претпазлив.
↑Мартулков, Алексо (1954). „Поглавје XLI“ . Моето учество во револуционерните борби на Македонија. Скопје: Институт за национална историја. Но селаните од Поменово, коишто не беа србомани и меѓу кои имав познати пријатели уште од турско време кога јас бев четник, тврдеа дека тоа било уште во првите денови веднаш по идењето на бугарската војска: тие не можеле да пребегаат во Грција па се криеле во околните места низ планината Мукос и дошле во селото да си набават храна. Но откако биле забележени од бугарските органи на власта и откако окупаторот ги презел потребните мерки, тие биле принудени да се упатат кон Грција и да пребегнат. Но исклучено беше дека имале задача да останат постојано во тој реон поради разузнавачки цели или некакви диверзантски намери. И покрај моите напори ништо повеќе не можеше да се открие. Затоа се стремев да ги уверам погорните власти дека веќе никакви сомнителни лица не се забележуваат во општината и настојував да биде повлечена војската за да му се олесни на селото. Но тоа одеше тешко и бавно. Па сепак по повеќе од еден месец четата на командирот Чукурски беше повлечена од селото и испратена на фронтот. На нејзино место дојде друга чета со капетан Манолев, високо интелигентен човек и доволно благороден. Преку него успеав малку да ја смекнам положбата. Но четата продолжуваше да се снабдува по контрибуционен начин.
↑Мартулков, Алексо (1954). „Поглавје XLI“ . Моето учество во револуционерните борби на Македонија. Скопје: Институт за национална историја. Уште порано успеав да го ограничам Темелка Карпус и тој веќе не можеше да деребејствува. Но сега го направив невозможно неговото понатамошно останување во Оморани. Заедно со своето семејство беше принуден да се исели во Велес, каде што имаше своја куќа. Тоа беше големо олеснување за селаните. Сега главно ми остануваше да ја укинам контрибуцијата што беше наметната на селото. За таа цел отидов дури во Скопје и преку македонствујуштите во губернаторството успеав да се укине контрибуцијата: во иднина воената чета во селото се снабдуваше преку своето интендантство. Остануваше да се ослободат од интернација интернираните селани. Таа работа беше тешка. Но со својата упорност сепак успеав по неколку месеци интернираните да бидат ослободени. Во селото атмосферата се расчистуваше и започна еден понормален живот.
↑Мартулков, Алексо (1954). „Поглавје XLI“ . Моето учество во револуционерните борби на Македонија. Скопје: Институт за национална историја. По извесно време отпочна мобилизирањето на помладите што подлежеа на воена обврска. Од оморанската општина приличен број селани беа мобилизирани. Положбата беше отежнета поради честите реквизиции, а беше тешко тие да се ограничат. Едно време дојде во селото дури и една германска чета, којашто просто не можеше да се засити. (Тогаш со месо и други продукти војската се снабдуваше преку реквизиција, а за плаќањето на тие производи беа одредени многу ниски цени). Кое повеќе, кое помалку — но сите села страдаа од овие реквизиции, а особено селата во Азот. Јас вложував севозможни напори да ја сведам таа ситуација во кругот на возможностите на општината.