Ќерестеџиски занаетЌерестеџиски занает или ќерестеџилок е занает за продажба на градежни материјали. Со овој занает претежно се занимавале поимотни луѓе. Ќерестеџија (тур. keresteci) е трговец со дрвен градежен материјал. Место каде што се продава ќересте се нарекува ќерестеџилница. ИсторијатЌерестеџискиот занает почнал поинтензивно да се развива во Македонија по Првата светска војна. Во секој град имало по некоја ќерестиџилница која обезбедувала градежен материјал за населението. Во Битола своја ќерестиџилница имал Анастас Димитровски познат како Ташко Керестеџијата.[1] Oтворил ќерестеџилок (продажба на градежен материјал) па и од таму го добил и прекарот Керестеџијата. По првата Светска војна градот бил разрушен и имало голема потреба да се гради и обновува. Битола почнала постепено да се гради, да се обновува, а потребата за градежен материјал била голема. Во тоа време до тогаш познатиот Ан на Балтовци, имало празно неизградено место. Ташко изградил дуќан за продажба на својата стока. Некаде околу 1920 година Ташко стапил во контакт со тогашната српска војска сконцентрисана во Битола. Со властите склучил договор да го исчисти сиот заостанат воен материјал и истиот да го продава. Во неговиот дуќан тој продавал: железо, бодликав тел и слично. Тука имало и градежен материјал, греди, талпи и сл. од заостанатите окопи на војските. За тоа на воените власти им плаќал и одреден надоместок. Својата фирма ја крстил со името „Кајмакчалан“. Почнал да носи градежен материјал од Босна, од Словенија, заради трговија носел цемент од Беочин, ќерамиди од Џон Боља од Романија. Некаде на почетокот на 1937 година трговијата на Ташко се насочувала и кон Лерин и Корча во Албанија. Во 1941 година кога во Битола доаѓаат Германците, Ташко во своите дуќани имал над 3.000 метри кубни дрво како градежен материјал. Материјалот им бил одземен за воени потреби на германската фашистичка машинерија без да му исплатат надоместок. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia