Кантарџиски занает

Кантарџиски занает — традиционален занает за изработка на ваги.

Историја во Македонија

Кантарџискиот занает датира од пред 200 години, и бил развиен за време на турското владеење. Вообичаено кантарџиите изработувале и други работи од железо како тесли, секири, клешти, ножици и друго.[1] Исто така кантарџиите вршеле и баждарење на кантарите. Материјалот за работа македонските кантарџии го набавувале од Самоков.

Алати за изработка на вагите биле: оган со мев за дување и топење на железото, неколку вида на клешти, чекани со различна големина и форма, ножици, менгеме, точило и повеќе видови турпии.

Во периодот од 1939-1956 година постоеле многу малку дуќани за овој занает во Македонија.[2]

Наводи

  1. Панов, Митко (1983). „Од минатото на прилепското занаетчиство“. Зборник на трудови на ДНУ - Прилеп: 132–133.
  2. Етнолог 4-5, Списание на здружението на етнолозите на Македонија, стр. 35
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya