Молерски занает

Молерски занает — мајсторски занает со кој се поправа, уредува, украсува, или бои ѕидови,таван, фасада. Молерскиот занает гои врши мајстор (молер)[1] за заштита на: санитарен, хигиенски и естетски третман на која било површина.

Овој занает е многу важен во градежната индустрија и има долга историја, особено добро молерисување е клучно за одржување на изгледот на ентериерот и екстериерот на домовите, куќите, зградите и други објекти. Молерите работат и на реставрација на стари објекти.

Целта на молерисувањето е да се подобри изгледот на ѕидот, таванот или надворешниот дел на зградата за да се заштити од оштетување од вода, корозија, инсекти и мувла.

Во минатото кога куќите биле направени од ќерпич и камен внатрешните ѕидови претежно ги молерисувале со гасена вар.

Молерскиот занает се однесува на уметноста и вештината на молерите во обојување и украсување на ѕидови и тавани, најчесто со бои, лакови или други завршни материјали. Молерските работи вклучуваат и покривање на различни бои за да не се само естетски изглед, туку со тоа и за да се обезбеди заштита од различни влијанија на надворешните влијанија.

Молерисувањето во внатрешноста на просториите се изведува на температура не помала од 10C° и влажност до 70%. Структурите што треба да се завршат мора да имаат влажност до 6%. Композициите за боја треба да е хомогена маса без грутки. Пред да молерисува смесите се мешаат темелно. Молерскиот занает односно молерот работата ја врши механички со помош на различни четки, ваљаци и пиштоли за прскање. Доколку се молерисуваат неколку слоеви, следниот слој се нанесува откако ќе се исуши претходниот.

Молерскиот занает се занимава со груба и фина декорација на ѕидовите и таваните:

Грубата работа се користи за малтерисување на нерамен и неуреден ѕид за покривање на големи неправилности и вдлабнатини. Претходно за оваа работа се користеше обична кал или мешавина од кал и слама, додека сега се користи малтер.

Фино фарбање се однесува на работа каде што неправилностите се помали од три милиметри: измазнување и варосување на малтерисаните површини (нанесување бела или обоена вар) или боење ѕидови со разни бои.

Алати и прибор за молерисување

Во молерскиот занает најчесто се користат следниве алатки и прибори: четка (различни видови по облик и големина), валјак (молерски), кофа, шпатула, мистрија, пердашка (израмнувач).

Галерија

Наводи

  1. „молерски - резултати од пребарување | Дигитален речник на македонскиот јазик“. drmj.eu. Посетено на 2025-03-26.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya