Кираџиски занаетКираџиски занает или транспорт на стока се среќавало многу одамна и самиот тој претставувал воедно и еден особен вид на трговија. [1] ![]() Историја на занаетотПрвите човечки начини на транспорт биле пешачењето и пливањето. Припитомувањето на животните вовело нов начин на ставање на товарот за транспортот на помоќните суштества- животните, овозможувајќи влечење на потешки товари. Пронајдоците, како што се тркалото и санките помогнале да се направи транспортот со помош на животните поефикасен преку воведувањето на возилата. Исто така, транспортот на вода, вклучувајќи веслачки и едрени бродови, датирал од памтивек и бил единствениот ефикасен начин за транспорт на големи количини на стока на долги растојанија пред Индустриската револуција. Првите облици на патен транспорт биле коњите (припитомени во 4 или 3 милениум п.н.е.), воловите (од околу 8000 г. п.н.е.) или луѓето кои носеле стока преку земјени патеки кои често ги следеле патеките на дивечот. Поплочените патишта биле изградени од многу рани цивилизации, вклучувајќи ги Месопотамија и цивилизацијата на долината на реката Инд. Персиската и Римската империја изградиле патишта од камени плочи за да им овозможат на војските да патуваат многу брзо. Средновековниот калифат подоцна изградил патишта со катран. Првите водни транспортери биле кануа направени од трупци. Раниот транспорт на вода бил постигнат со помош на бродови кои биле или придвижувани со весла или користеле ветер за погон, или комбинација од двата пристапи. Важноста на водата значело дека повеќето градови кои пораснале како трговски центри биле лоцирани на реки или во близина на море, често на раскрсниците на водните патишта. До индустриската револуција транспортот останал бавен и скап, па производството и потрошувачката биле лоцирани што е можно поблиску едно до друго.
Со развојот на моторот со внатрешно согорување и автомобилот на крајот на 20 век, патниот транспорт станал значително поодржлив. Првите автопати биле изградени во текот на 19 век од макадам. Подоцна, асфалтот и бетонот станале доминантни материјали за поплочување на патиштата. Во 1903 година, бил претставен првиот авион со екипаж, а по Првата светска војна, тој станал брз начин за транспорт на луѓе и стоки на долги растојанија. По Втората светска војна, автомобилите и авиокомпаниите зазеле поголем удел во транспортот, намалувајќи го железничкиот и воден транспорт на товар. [2] Историја на занаетот во МакедонијаКираџиството во Македонија се среќавало ушрте од многу одамна, такашто во пописниот дефтер на Скопје од 1568/1569 година стојат имиња и презимиња на тогачните кираџии. Во текот на 19 век, транспортот на стоки од едно до друго место бил вршен исклучиво од кираџиите и абаџиите. Во почетокот на 19 век, занаетчиството се развивало брзо и за одделни производи локалните пазари станале тесни, па почнале занаетчиските производи да се извезуваат. Појавата на кираџиите и абаџиите не е поврзан само со извозот, туку и со увозот на стока. Тие се задолжувале за одредена надница да ја пренесат стоката од едно до друго место. Висината на киријата зависела од количината, далечината и годишното време. цената на транспортот обично била највисока за време на одржување на панаѓурите. [3] Транспортот на намирници (жито, пченка, бостан, дрва, сено, слама, риби и друга стока) претставувало значаен сегмент од стопанската активност на луѓето. Во Македонија во XIX и првата половина на XX век преносот на намирници и друга стока се обавувал со традиционални транспортни средства кои се користеле во копнениот и водниот сообраќај. Во копнениот сообраќај, преносот на стока се обавувал со човечка снага, со домашни животни и со запрежни средства. Организација на кираџиитеНа подалечните растојанија стоката најповеќе се пренесувала со коњи, кои биле најбрзото сувоземно транспортно средство во 19 век. Сите кираџии обично биле вооружани, а со караванот секогаш одела придружба од 20 до 80 луѓе. пред караванот секогаш одел старешина капеџи- баша или бајрактар. [4] Кираџиите биле организирани во каравани кои обично броеле до 30 товарни коњи. Секој караван имал старешина- крамар, кој ја примал и предавал стоката. Пренос на стока со човечка снагаОва е најстар, наједноставен и воедно најбавен пренос на стока. Човекот пренесувал стока со раце, на рамо, преку појас, на грб и на глава. Средствата и приборот за ваквиот пренос биле разновидни по форма и материјал: торба- магрџик (направена од јагнешка или јарешка кожа), торба јанџик (направена од овча кожа), торба- бисаѓи (волнена торба), за пренос на течности- брдаци (направени од глина),чутури (направени од дрво, метал или тиква). Пренос на стока со домашни животниЗа товарниот сообраќај и за јавање најповеќе се користела снагата на коњот, а помалку за запрежен сообраќај. Маската и Магарето се користеле во товарниот сообраќај, а биволот во запрежниот сообраќај. Во XIX век, кираџиите од Малешево до Солун, со коњи пренесувале катран, штици и друга граѓа, лој, восок и волна, а од Солун донесувале потребни намирници за населението. [5] Пренос на стока со запрежни средстваВо минатото во Македонија, транспортот се одвивал со традиционални транспортни средства - запрежни дрвени коли кои ги влечеле товарни коњи, маски и магариња. Едновремено постоеле и дрвени коли со воловска, биволска и коњска запрега. Во планинските предели, стоката се пренесувала главно со запрежни, дрвени коли, со една осовина и две тркала- двоколки. Во рамничарските, низинските предели, стоката се пренесувала со запрежни дрвени коли со две осовини и четири тркала- четириколки. Колите најчесто ги влечеле ѕевгар волови впрегнати во дрвен јарем. [6] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia