Самарџиски занаетСамарџиски занает е во групата занаети кои обработуваат дрво. Историја на самарџискиот занаетИсторијата на самарџискиот занает (седларството) се протега со милениуми, од основни влошки (подлоги) до софистицирани, специјализирани дизајни. Првично, седлата биле едноставни влошки или ткаенини за коњи, еволуирајќи во посложени структури направени од дрвја, стремени и сложена кожна изработка. Развојот на седларството бил под силно влијание на воените потреби, земјоделските практики и културните традиции, што довело до различните англиски и западни стилови што се гледаат денес.[1] Развој на занаетот во МакедонијаСамарџискиот занает потекнувал одамна. Товарните животни од секогаш биле многу потребни, а секако за нив и самар. Со помош на самарот, на коњ или магаре, освен јавање, можело и да се пренесуваат стока и суровини. Поради оваа улога, самарите биле изработувани многу одамна. [2]
Во Охридско-струшкиот регионВо овој регион, самарџискиот занает од секогаш бил добро развиен и рентабилен. Тоа било така, особено што во селата од регионот како единствени превозни средства на стоката и луѓето , освен колите, биле коњи, магариња и маски. Затоа, селаните биле наголеми потрошувачи на самари. Секој самарџија имал редовни потрошувачи, односно купувачи на неговите производи и услуги за поправка. Мајсторите самарџии со посебен знак го означувале секој самар дека е негова изработка. [3] Во ВаландовоСамарџискиот занет во Валандовскиот регион се појавил главно во XIX и почеток на XX век заедно со ковачки, калајџиски, казанџиски, воденичарски, мутафџиски и други занаети. валандово бил значаен занаетчиски центар. Првите самарџии во Валандово биле земјоделци и сточари кои самарџиството го практикувале како споредна стопанска гранка. Но, со развојот на кираџискиот занает и трговијата, некои од нив започнале професионално да се занимаваат со овој занает бидејќи потребата од производство и поправка на самари пораснала. Во Валандово најпозната самарџиска фамилија биле Исирови. Најголемата побарувачка за производство на самари била во периодот од 1950 до 1965 година, кога се изработувале самари не само за валандово и околината, туку и за Гевгелија, Дојран, Струмица. [4] Во СкопјеСамарџискиот занает во Скопскиот регион бил доста застапен, со околу 30 дуќани. Овој занает од секогаш бил добро развиен и рентабилен во градот, особено затоа што во селата, основни превозни средства биле магариња, коњи и маски. Оттука, секој самарџија имал свои редовни купувачи на самари и нивна поправка. [5] Во ГевгелијаСамарџискиот занает бил доста развиен и во Гевгелискиот крај. Коњот и магарето се користеле како превозни средства дури и кога се одело на гости, но впрегнати на кола, туку со самар за јавање. Оттука замарџискиот занает бил застапен во сите села, па дури во некои и по неколку самарџии. Самарџиската работилница била одвоена од куќата за живеење. Се граделе дуќани на пристапно место , скоро на средсело. Самарџиските работилници биле доста поголеми од ковачките зашто во нив имало повеќе инвентар. Со овој занает главно се занимавале христијаните, но можело да се најде и по некој Турчин самарџија. [6]
Во КумановоСамарџискиот занает во Куманово се сметал за еден од најстарите занаети. Меѓу најстарите самарџии во Куманово бил дедо Наско, кој имал три работилници на различни улици во Куманово. Во Куманово имало околу 30-40 работилници коишто имале покрај свој мајстор и многу калфи и помошници. Сезоната на овој занает бил од јуни до декември. Преку зима и пролет се вршеле само поправки или занаетот замирал. Овој занает се пренесувал „од колено на колено“ такашто во една фамилија се пренесувал и на 3-4 генерации. [7] Во ТетовоОд крајот на XIV до почетокот на XX век, Тетово бил позната трговско- занаетчиска станица. Во него секогаш имало над стотина различни занаетчиски дуќани. Во периодот од 1880 до 1912 година, па и покасно, помеѓу двете Светски војни, самарџискиот занает бил во подем. не постоела ниту една селска куќа без товарно животно. Во планинските села, луѓето коишто се занимавале со сеча на дрва за огрев, имале и по неколку товарни животни. Подоцна, преку Тетово поминувале и кираџиите со коњите со товарена стока. Тие секако дека во Тетово купувале нови самари, а и ги поправале и своите стари. Самарџискиот занает бил во експанзија, па оттука и зголемувањето на бројот на самарџии. Пред крај на Турското ропство, 1912 година, бројот на самарџиски работилници во тетово бил над 25. Тие работилници никогаш не биле на едно место т.е. на иста улица. Се наоѓале на различни места од градот: Масларски пазар, Горна чаршија, Поток маало, Гостиварски пат и други. Според укажувањата, самарџиите во тетово секогаш биле Македонци, христијани. Само некои од нив биле муслимани (Турци, Албанци или Роми).
Самарџиски алатСамарџискиот алат се состои од дрвени и железни алатки. Трупот, токмакот и магарицата биле рачни дрвени изработки, турпијата, марканот, трионот и малата игла биле фабрички изработки , а сите останати алати биле ковачки изработки. [9]
Самарџиски материјалМатеријалот од кој се првале самари бил буково и јасеново дрво. Во друг материјал за изработка на самари спаѓале и: клинци, слама, кожна вреќа и коноп. [10] Самарџиски еснафСамарџискиот еснаф во Македонија, занаетчиите низ разлоичните градови, славел и празнувал различен патрон, светец -заштитник на самарџиите. Самарџиите во Струмица го славеле Св.Тома, во Кукуш- Св.Илија, во Охрид- Св.Елисеј, во Куманово и Скопје- Св. Петар, во Битола- Св.Спиридон, во Тетово- Голема Богородица, во Велес- Св.Ноја, итн.
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia