Папуџиски занаетПапуџиски занает е занает за рачна изработка на папучи и емении од таму го добива и името. Од занаетчиските еснафи најпознати и први занаетчии биле папуџиите или чевларите. Папуџијата секој пар папучи го изработувал поединечно и рачно од кроење, преку лепење и шиење до финален производ. Историја![]() За постоењето на папуџискиот руфет (еснаф) и папуџиии мајстори говорат записите од манастирот Матка од 16 век каде се спомнуваат мајсторите- папуџии: Живко Паунко, Апостол Миче и др[1]. Папуџискиот занает е еден од најстарите и најпознатите занаети во Скопје до крајот на 19 век[2]. Уште во 1834 година година се спомнуваат папуџиите Гроздан во маалото Хараџи Салахудин и Кузман во маалото Ибни Мухтесоб во Скопје[3]. При карајот на 20 век В. К'нчов запишал дека во Скопје постои папуџиски еснаф кои опфаќал околу 80 дуќани и папуџиите имале и свој печат. Во овие дуќани биле вработени околу 500 мајстори,калфи и чираци. Нивните производи биле широко продавани во Скопје и околните градови па дури и во Босна. Мајсторите папуџии[4] од овој занает се занимавале со изработка на еден специјален вид обувки-местри што ги изработувале исклучиво со рачно шиење. На почетокот овој занает бил целосно во рацете на турското население, но подоцна со него почнале да се занимаваат и христијаните. Напочетокот овие мајстори рачно изработувале обувки кои биле наречени местри.[3] Главни потрошувачи на папуџиите во тоа време биле беговите.[3] Материјали кои ги користеле за изработка на папучиПапуџиските производи се правеле од мешина и од црвен и жолт сафтијан. Мешината се изработувала во Скопје а жолтиот сафтијан го добивале од Скопје, црвениот од Босна, Прилеп, и Пеќ. Бел сафтијан папуџиите добиваале од Призрен. Ѓонот го добивале од Солун а во подоцнежните години и од Америка. Главни потрошувачи на папучите биле беговите, но не ретко овие производи биле купувани и од селаните односно од лица пред склопување на брак. На почетокот на 20 век кога повеќето од занаетите почнале да изумираат папуџискиот занает сеуште добро опстојувал за што говорат записите дека во 1908 година имало 91 папуџиски дуќан. И во останатите градови постојат записи дека постоел папуџиски занает за изработка на обувки, еминии, чизми и местви. Во чаршијата имало папуџиско одаларе со 14 папуџиски работилници, но денес истото не постои.[1] Кон средината на XIX век, папуџискиот занает се поврзува со чевларскиот, кој во тоа време започнал да се развива како современ занает. Во Куманово папуџискиот занает е донесен од Врање во 1872 година. Таа година прва работилница ја отворил Илија Поповски. Тој занаетот го научил кај Ристо Дошљак во Врање. Отпрвин работилницата работела како папуџиска а подоцна станала чевларска. Во Велес е во периодот од 1901 - 1904 година кога во него егзистираат 4 грнчарски, 3 папучарски, 3 ќурчиски, 1 мутавџиски занает, сведени на работилници. Производството е примитивно, рачно, со низок капацитет. Ова производство неможело да донесе печалба. Во иста или слична состојба се наоѓало и селанството, неизвесно и незаштитено со многу давачки и разбојнички напади. Во периодот пред 1912 година во Гевгелија имало 10 чевларски и 10 папуџиски дуќани. Сите тие биле самостојни папуџии кои работеле рачно во периодот од 1920 до 1945 година. Во 1946 година е формирана и првата занаетчиска папуџиска задруга во Гевгелија, која била активна сè до 1950 година. Нејзин претпоставен бил Тодор Бегов. Од 1961 година папуџиската задруга почнала да се распаѓа, а папуџиите повторно станале самостојни занаетчии. Овој занает од 80 –тите години на XX век почнал да изумира. Папуџиски работилнициПапуџиската работилница била мала и правоаголна со два влеза, за вработените и за муштериите. Дуќаните биле ниски со камени зидови дебели и до 70 см. и со земјени подови, слабо загреани и осветлени. Дуќаните биле без фасади и со заоблени тавани. Преградени биле со железна нитнувана врата. Едниот дел служел за изработка а другиот за продажба на папучите. Секој дуќан бил поделен на четири дела. Во секој дел имало распоредено по еден мајстор за да може да работи. Во нив работеле чираците,калфите и мајсторите. Папуџиски алатДо пред години папуџиството било манифактурно и за таа цел папуџиите ги користеле следниве алатки[1]: Бичкија за кроење, дикиш за рамнење на папучите, папуџиски игли и шило за шиење на папучите, Клешти за вадење Шајки, тарагаш или чекиџик заоблено дрво на кое се ставала и се вртела папучата при изработка, мушта за чукање наместо чекан, шишкалица кашикмајак, долгнавеста дрвена справа направена за тркалање на ѓонот оздола за да добие сјај, увал истенчено дрво за потполнување на потпетиците, дергер, штека за поддикиш за глачање-светнување на папучите, турпии за острење на ножевите, труп од ореово дрво кој служел како работна маса, дрвени калапи. Изработка на папучиПапучите биле изработувани од биволска и воловска кожа. Кожите и мешините кои биле користени за изработка на лицето на папучите биле киснети во вода. Ѓоновите кои исто така ги користеле за изработка на папучи ставале по околу 50 ѓонови во 200 литарско буре и ги киснеле по 4-5 часа во вода а потоа ги употребувале за правење на папучи. Според кажувањата на Киро Китановски еден од најстарите занаетчии папуџии. Папучата се изработувала на следниов начин: Најпрвин од картон се крои табан (Мукава) и форма лице на папучата. На мукавата и долната страна од формата се лепи американ платно. На средината од формата се лепи сомот. Потоа се кројат колови и папии и се шиел кајлук. На табанот се шие парче кожа во кој се става штикла. Штиклата била изработена од врбово или дрво од топола. Откако ќе се искрои ѓонот тој се шие со лицето односно формата на папучата. За шиење се користеле две прави папуџиски или сарачки игли и шило. Се шиело со две игли за да бидат поцврсти. За шиење употребувалле конопен конец кој бил премачкуван со восок за да не се вади од иглата и така премачкан поубаво лепел. При шиење го користеле тарагачот на кој ја вртеле папучата. Вака сошиени лицето и ѓонот се нарекувале „олтан“.Олтанот е скоро готова папуча на која и недостасува само табанот. Кога и тој ќе се стави се заковува флекна од ѓон со мали шајчиња. Се става на калап да се суши еден ден.После се вади и ѓонот и се гланца со шикалица. Вака шиените папучи се изработувале до 1955,56 година. Интересно е да се забележи дека во старите калапи за изработка на папучи, левата и десната страна биле сосема исти.[5] Еснавска славаПапуџиите имале и своја слава верувале дека Св.Спиридон го измислил нивниот занает и ги направил првите папучи, па во негова чест тој ден 25 декември е еснавска слава. На денот на славата мајсторите од папуџискиот занает заедно со мајсторите од сродните занаети оделе во црквата Св. Димитрија каде што го осветувале колачот и варената пченица со ореви. Тоа го подготвувал мајсторот кој бил избиран секоја година на тој ден. Освен колачот и варената пченица мајсторот носел мезе (кисела туршија, краставички и сл.)и пиење како вино ,ракија и сл.[1] По литургијата седнувале на голема маса да ручаат посни јадења како риба, посна сарма, посен грав. Се пееле староградски песни а потоа си заминувале дома. И денес овие занаетчии го обележуваат овој ден како празник на занаетчиите. И овде индустриското производство си го направило своето. Производството на обувки по нарачка речиси и да не постои, а „папуџии“ остануваат се помалку бидејќи новите папучи од синтетички материјали се многу издржливи. Поврзани папуџискиот занает се занаетите за изработка на налани, Опинци, изработка на чизми и чевларство. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia