Сапунџиски занаетСапунџиски занает исто наречен мунџиски занает — изработка на лоени свеќи и сапун. Со овој занает претежно се занимавало христијанското население. ИсторијатСапунџиите работеле со лој, пршки, отпадоци од масло и отпадоци од застоена риба, како и рибино масло и течност направена од пепел и вода. Од 1870 година од странство дошла нова технологија за изработка на сапун, при која се користела сода наместо пепел. Сапунџиите во Македонија не биле во можност да се прилагодат на новиот начин на работа и на новите суровини, посебно не можеле да произведат поевтин сапун. Затоа многу сапунџии почнале да пропаѓаат за што придонела и несоодветната царинска маржа. Посебно не можеле да ја издржат странската конкуренција на сапуни кои доаѓале од Солун. Од друга страна, пак, и месарите започнале да прават сапуни затоа што ги имале суровините.[1] Кон почеток на 20 век во Скопје имало две работилници за сапун. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia