Качарски занает

Качарски занает[1] — традиционална рачна изработка и поправка на каца и буриња од дрво. Мајсторите занаетчии во својата работа го користат дрвото како основна суровина. Со овој занает најчесто се занимаваат мажите.

Мајсторите качари изработуваат каци кои се користат за чување расол, туршија, сирење, месо и други производи. Кацата од бочвата се разликува по тоа што горната страна на садот е отворена или се покрива со посебен дрвен капак. Каца со мала зафатнина се нарекува каче.

Каца е голем сад за вода или други течности, на чијшто врв, на спротивните страни, има повисоки штици на кои има кружни  отвори кои служат за носење на кацата од две или повеќе лица.

Типичниот капацитет на дрвена каца е од 60 до 120 литри.

Најнапред мајсторите одбирааат дрвени летви со иста дебелина и должина кои ќе се користат за изработка на каците. Летвите се сушени претходно најмалку 18 месеци. Потоа следи обработување на летвите од внатрешна и надворешна страна, одредување на аголот на штиците според обемот во литри, и на крајот виткање, жлебење, составување на жлебовите, потоа поставување на обрачите и полирање како завршна работа.

Како и во секој занает има бара обука која вклучува и стекнување знаење и физичка пракса. Во формалната обука, столарот започнува како чирак, потоа станува калфа и со доволно искуство и компетентност на крајот може да постигне статус на мајстор качар.

Алат

Занаетчиите од алати користеле: секири, шупски сврдел, пергел, држач, замба, тесли, ножеви, пили, наковална, обрачи и др.

Галерија

Наводи

  1. „качар (м.)| Дигитален речник на македонскиот јазик“. drmj.eu. Посетено на 2025-03-23.

Поврзано

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya