Наланџиски занаетНаланџиски занает — занает за рачна изработка на дрвени влечки, налани[1] со кожно ремче, кој припаѓа на постарите занаети. ИсторијаЗа време на турското владеење овој занает бил мошне развиен, а наланите се продавале и по селата и по градовите. Подоцна, наланите биле продавани само по селата во Македонија. За наланџискиот занает наоѓаме податоци во прилепскиот крај, во периодот на шеесетите години од ХХ век, во градот Прилеп постоеле околу 12 наланџиски работилници[2], а се споменуваат мајсторите Јусуф Ќор, Спиро Николовски, Христо Цветковски, Милан Николовски и др. Производството на занаетчиите во тоа време го отсликувало османлиското општество, такашто занаетчиите-мајстори повторувајќи исти форми го формирале вкусот и модата на тогашното население. Следејќи ја модата „а ла турка“ се развил и наланџискиот занает, а наланите се продавале и во селата и во градовите. Наланите биле многу популарни,[3] ги носеле младите девојки, но и повозрасни жени. Подоцна, овие производи излегле од градската мода. Изработка на наланиЗа изработка на еден пар налани, било потребно едно парче дрво најчесто користеле буково дрво кое го набавувале од Ореше -Порече. Целиот процес на изработка на наланите бил рачен и барал посебни мајсторски вештини, за квалитетна изработка на наланите.[4] Кога мајсторите наланџии ќе го обработеле и обликувале убаво буковото дрво тие им ставале каиши на обувките кои ги набавувале од сарачите. Најголемиот дел од мајсторите имале и калфи кои работеле во дуќаните, но секогаш имало и чираци кои помагале и истовремено го учеле наланџискиот занает. Денес во Прилеп постојат само уште два наланџиски дуќани. АлатНаланџиите за изработка на налани користеле: тесла, чекан, пила, турпија и др. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia