Воденичарски занает

Воденичарскиот занает - професија поврзана со работа во воденица, на мелница за производство на брашно, зачини, растителни масла и други прехранбени производи.

Воденичар е човек кој има воденица и неговата работа е поврзана со употребата на водата која му е потребна за преработка (мелење) на житни производи за храна.

Историја

Воденичарскиот занает не бил едноставен и лесен. Занаетот се изучувал и до осум години. Во минатото во нашата историја податоците велат дека со воденичарство се занимавале поимотните семејства. Во Македонија, сѐ до крајот на првата половина на ХХ век, имало околу 15.000 воденици во кои се мелело жито и пченка.[1] Воденичарите работеле во воденици кои биле едноставно изградени, и кои најчесто биле градени крај реките.

Според традицијата, житата за брашно и сточна храна се мелеле од Митровден, па сѐ до Ѓурѓовден.

Квалитетот на смеленото жито или пченка во воденица во сомелено брашно многу зависел и од квалитетот на воденичарскиот камен. Во Прилепско најквалитетни воденички камења се ваделе од околината на Подмол, Марул и Бонче.[2]

Во Марул се ваделе камења од месноста Сечени камења а Марулските воденички камења заради високиот квалитет биле наделеку прочуени и барани. Воденичарски камења биле вадени и од Лесново[3]. Постои легенда која вели дека секое семејство имало посебна пештера од која ги ваделе воденичните камења а потоа со запрежни коли ги носеле низ пазарите во Македонија.

Воденичарите како мотив во уметноста

Наводи

  1. „Воденичарство и каменарство“. OLDPRILEP.COM. 2015-01-03. Посетено на 2025-03-19.
  2. „„ШЕСТАЛАТА" – РУДНИКОТ ОД КОЈ СЕ ВАДЕЛ И НОСЕЛ КАМЕН ЗА КРАЛСКАТА ГРОБНИЦА НА ПЕЛАГОНЦИТЕ МЕЃУ СЕЛАТА БОНЧЕ И ПОДМОЛ, ПРИЛЕПСКО“. 2020-11-09. Посетено на 2025-03-19.
  3. „Најголем рудник за воденички камења“. www.macedonium.org. Посетено на 2025-03-19.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya