Метларски занаетМетларски занает — традиционален занает за изработка на метли. ИсторијатНајраните метли се од праисторија, кога најчесто биле правени од птичји крила заврзани на дршки изработени од коска или дрво. Подоцна, се изработувале метли од гранки кои на дршката се заврзувале со јасен. Овие метли станале симбол на пиварите во Англија, каде се користеле како мешалка додека се ферментирал алкохолот. Често пати не се чистела оваа метла за да остане квасецот кој се лепел за гранките за следно користење.[1] За занаетотСо метларскиот занает се изработуваат метли кои се користат за чистење и метење главно на отворен простор. Метлите се произведуваат од гранчиња на бреза, од ориз или сирак (растение), врзани во сноп. Најчесто оние што изработувале метли на овој начин, се занимавале и со изработка на четки. Ова е занает кој се појавил и се работел исклучиво рачно. Денес најчесто метлите се произведуваат во големи работилници, или индустриски во фабрики.[2] За метлите кои биле изработени во домашни услови материјалот се собирал подолго време во природата или пак произведувачите сами одгледувале растенија чии гранчиња биле погодни за изработка на метла.[3] Метлата се изработува од истоименото растение, се бере се сече на есен, се суши, и кога е сува, се носи на мајстор да ги изработи метлите. Една метла е готова за половина час. Метлата е растение слично на пченицата, и се садело по меѓите, околу нивите.[4] Поврзани странициНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia