Свиларски занает

Свиларски занает е познат и под името ипекчиски занает добивање  на свила од свилена буба (латински: Bombyx mori). Со свиларски занает најчесто се занимавале жените и девојките. Но најчесто биле вклучени сите членови на семејствата постари од 10 години.

Свилата која ја добивале од одгледување на кожурците на свилената буба ја користеле за изработка на платна од кои подоцна шиеле кошули, шамии или чаршави.

Историја на свилата

Најраните докази за свилата датираат од културата Јангшао од 4000-3000 п.н.е

Историјата на производството на свила датира од Кина за време на неолитската култура Јангшао во 4-тиот милениум п.н.е.  Свилата останала во границите на Кина до втората половина на првиот милениум п.н.е. Иако подоцна ќе стигне до други места во светот, уметноста на производство на свила останала ограничена во Кина се додека Патот на свилата не бил отворен во 114 п.н.е. Дури и по отворањето на трговијата уште илјада години Кина останала монополски производител на свила.

Околу 300 година свилата се проширила во Јапонија, а до 522 година Византијците успеале да земат јајца од свилена буба и да почнат да одгледуваат свилени буби за добивање на свила. Во исто време, Арапите почнале да произведуваат свила. Крстоносните војни го донеле производство на свила во Западна Европа, особено во многу италијански региони, кои доживеале економски бум, извезувајќи свила во остатокот од Европа. Во средниот век, започнале промените во технологијата на производство, а тркалото за вртење се појавило за прв пат во 16 век, Франција, како и Италија, успеале да организираат успешна трговија со свила. Напорите на повеќето други земји да развијат сопствена индустрија за свиларство биле неуспешни.

Рана историја

Свилен кожурец пресечен на половина со остар нож е пронајден во округот Ксијаксијан, Шанкси, а видот кожурец бил идентификуван како Bombyx mori, припитомената свилена буба. Во Јујао се пронајдени фрагменти од примитивен разбој од културата Хемуду (околу 4000 години п.н.е.). Во Жеџијанг е ископан сад од слонова коска, врежан со свилени буби, исто така припишан на Хемуду (околу 4900 година п.н.е.). Најстариот примерок на свилена ткаенина датира од 3630 п.н.е. пронајден е на местото на ископување Јангшао во Хенан, ткаенината била завиткана околу телото на дете.[1] Отпадоците од свила пронајдени во Хужоу припаѓаат на културата Лиангжу и датираат од 2700 година п.н.е.[2] Фрагменти од ткаенина кои датираат од 1600 до 1046 година. п.н.е биле ископани од кралска гробница на династијата Шанг.[3]

Во Европа тајната за производство на свилата била донесена од страна на монаси на византискиот император Јустинијан I, од македонската династија. Кожурците и семките од црница биле пренесени во бастун.

Од VI век во Македонија се развива свиларство и долго време претставува значајна извозна гранка.

Како што Европа се урбанизирала, многу француски и италијански земјоделски работници ги напуштиле фармите за производство на свила за повисоко платени работни места во фабриките. За да се компензира недостигот на свила, од Јапонија била увезувана сурова свила.[4] Азиските земји кои претходно биле специјализирани за извоз на суровини (кожурци и сурова свила) на крајот почнале да извезуваат ткаенини и завршена облека.

Кинески процес на правење свила

Свиларството во Македонија

Се претпоставува дека на целата територија се одгледувала свилената буба од страна на жените во домаќинствата, кои го негувале свиларскиот занает. Во Македонија модерното производство во индустријата за свила започнало кон крајот на деветнаесеттиот век.

Главните центри за свилени кожурци биле регионите на Гевгелија, Дојран, Струмица и Радовиш. Првата одмотачница за обработка на свилени кожурци била основана во 1894 година во Гевгелија. Фабриката била во сопственост на султан Хамид. Механизацијата била донесена од Италија и поставена од италијанските експерти. Во тоа време работниците работеле по 12 до 14 часа на ден и вкупниот број на работници бил 180, сите од Гевгелија, меѓу нив имало и жени. Во фабриката годишно преработувале околу 18.000 килограми најдобар свилен конец добиен од кожурците на свилената буба. Фабриката била затворена кон крајот на Балканските војни во 1912 година а била уништена во првата светска војна.

Многу од жителите се преселиле кон внатрешноста и на тој начин кожурците од свилената буба биле пренесени скоро ниѕ целата територија во Македонија. Жените продолжиле да го негуваат свиларскиот ѕанает и свиларството.

Во Скопје во првата половина на 19 век домашното производство на свила било мошне развиено[5]. За постоењето на свилата постојат и податоци од феранот на Мехмуд 2 со кој се издавале под закуп таксите за мерење на свилата во Скопската каза 31 март 1830 година.

Свиларството и свилата била значаен скопски извозен артикал со кој се занимавале жените. Тие работеле во групи по неколку жени со цел да се негува свилената буба од која го добивале свилениот конец. За хранење на свилената буба тие одвојувале посебни соби или ги користеле чардаците.

На чисто платно од американ го постилале и врз него ги ставале ларвите од свилената буба кои потоа ги хранеле со листови од црници[5]. Тие работеле здружени некои жени береле само листови од црница други жени ги хранеле и чистеле кожурците од креветите. Ако имало повеќе кожурци тие на помош викале и други жени за точење на свилата од кожурците од  казаните во кои ја потопувале ја ределе во тепсии. Отакако ќе се исушел свилениот конец тие  го намотувале свилениот конец  на мотало, потоа се делел свилениот конец на тури.

Од десет тури се правела „моца“ која била завршна мерка на готовата свила. Свилата потоа можело и да се бои со природни бои. Дебелиот свилен конец се извезувал за Босна а потенкиот свилен конец се извезувал Скадар, Пеќ и Ѓаковица.

Добивање на свила од свилената буба

Слика од енциклопедијата на Дидро и Д'Алембер, која ги прикажува различните чекори во свиларството и производството на свила

Начинот на добивање на свила од свилената буба (Bombyx mori) во се одвивал на следниот начин:

Напролет кога ќе се постоплело времето, на платно се распостилале кожурци од свилената буба. Платното требало да биде чисто за да можат бубите да го исфрлат семето на чисто.Кога кожурците ќе го исфрлеле семето тоа се собирало во друга крпа и требало да се чуба на чисто и топло место, најчесто тоа било во пазувите. Семето тие го чувале односно носеле во пазувите околу една недела додека да развијат лисјата на дрвата на црниците.

Ги береле потоа листовите од црниците и ги распостилале во соба и врз нив ги ставале испилените ларви на свилената буба. Така секојдневно ги потхранувале ларвите за да растат. Кога ларвите на свилената буба ќе достигнеле големина од 5- 6 см односно кога созревале ларвите за да прават свилени конци,  врз листовите внимателно ставале гранчиња од габер или од тревата позната како свиларка. Така развиените ларви на гранчињата и тревата свиткувале кожурци. Кога кожурците созревале се собирале во плетени корпи и се чувале од 25 до 40 дена. По тој период  кожурците ги потопувале во врела вода во котли. Кога ќе биле раскиснати со помош на стап и помагајќи си со едната рака се „тргал крај по крај од кожурците“.

Извадените свилени конци се ставале во тепсија во неколку купчиња и слоеви. Помеѓу секој слој се ставале и зрна со грав за да не се замрсуваат краевите, односно за да можат поесно да се замоткаат свилените конци на мотовилче.

Од мотовилчето или „аршинчето’ свилените конци се намотувале на калеми. Додека се предела свилата постојано требало да биде навлажувана. Свилата добиена на овој начин се нарекувала „ бурунџук“.Од годишното производство на кожурци од свилена буба секое семејство издвојувало околу половина килограм „за семе“ за следната година.

Свилата најмногу била употребувана за ткаење на кенар платна а се ткаеле и свилени платна и чаршафи комбинирани со памучно „ тире“ или памучен „ин“.

Фабрика за одмотување на свила во Гевгелија била основана во 1938 година. Механизацијата била набавена во Грција. Околу 18.000 килограми суви кожурци се одмотувале годишно, а финалните производи се продавале на југословенскиот пазар, бројот на вработени во 1940 година бил 60.[6] .

Фабрика за свила „Нонча Камишова“ Велес

Во Велес и негоовата околија (некогаш Титов Велес) свиларскиот занает[7] бил познат од многу одамна во селските и градски донаќинства но претежно во северните села. Во средината на 19 век постоела и фабрика за производство на конец од свилена буба „Нонча Камишова“ или народски била нарекувана свилара. Надвор од дворот на фабриката имало засадено ниви со дрвја црници. Листот од црниците бил користен за да се прехранат ларвите на свилената буба.

Потоа на разбои во фабриката бил преработуван и ткаен свилениот конец и се ткаеле платна од свила.

Денес

Кристина Тодорова од Неготино денес одгледува свилени буби. Свилената буба таа ја одгледува и размножува само за едукативни цели на учениците и студентите. Тодорова вели дека таа сака да го обновува кожурците на свилената буба, која некогаш била најзначајна за свиларството во Македонија. За да не изумре овој дргагоцен инсект кој со децении наназад се одгледувал по селата во големи количини. Таа кожурците ги одгледува во просторија во специјални кутии каде што секојдневно им додава свежи листови од црница. Таа и нејѕиното семејство се единствени во Македонија кои го одгледуваат овој инсекти и ја продолжуваат традицијата на свиларскиот занает.

Поврзано

Свилена буба

Наводи

  1. Vainker, Shelagh, уред. (2004). Chinese silk: a cultural history (1. publ. изд.). New Brunswick, NJ: Rutgers Univ. Press. ISBN 978-0-8135-3446-6.
  2. Huang, Philip C. C. (1978-10). „Review of Chinese and Japanese Scholarship : Zhongguo jindaishi bianxie xiaozu (Modern Chinese History Writing Group) [1977] Zhongguo jindaishi (A History of Modern China“. Modern China. 4 (4): 456–457. doi:10.1177/009770047800400421. ISSN 0097-7004. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. Gournay, Antoine (2000). „Le système des ouvertures dans l'aménagement spatial du jardin chinois“. Extrême orient Extrême occident. 22 (22): 51–71. doi:10.3406/oroc.2000.1115. ISSN 0754-5010.
  4. „Wardle, Sir Thomas, (26 Jan. 1831–3 Jan. 1909), silk dyer and finisher; silk and calico printer; President of the Silk Association of Great Britain and Ireland; Hon. Secretary Ladies' National Silk Association; Originator and Adviser of Sericulture and Silk Weaving in Kashmir; Honorary Expert Referee on Silk to the Imperial Institute“. Who Was Who. Oxford University Press. 2007-12-01.
  5. 5,0 5,1 Дојчиноски, д-р Киро (1996). Занаетите и еснафите во Скопје. Скопје: Матица Македонска,. стр. 48–49. На |editor-first= му недостасува |editor-last= (help)CS1-одржување: излишна интерпункција (link)
  6. „OCCASIONAL PAPER N. 8_MK“. www.seep.ceu.hu. Посетено на 2025-03-17.
  7. „Текстилното народно творештво во титовелешко“. Македонски фолклор (42. изд.): 275. 1988.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya